Приведен дилер, претрес во Велес, пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 20.00 часот го лишиле од слобода А.Г.(29) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, соопштија денеска од МВР, била пронајдена марихуана. – Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Continue Reading

Кои се потенцијалните придобивки од семето од бел трн за женското здравје?

Во стремежот за одржување на оптимално здравје, жените често бараат превентивни мерки за да се справат со специфични здравствени проблеми. Иако научните докази може да варираат за одредени тврдења, семето од бел трн традиционално се користи за таа намена. Kои се неговите потенцијални придобивки за здравјето на жените. Хормонална рамнотежа: Хормоналната нерамнотежа може да доведе до различни проблеми, вклучувајќи менструални …

Continue Reading

Преку системот на „Пакомак“ минатата година рециклирани 27 521 тон амбалажен отпад

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ги објави своите резултати од напорите за организирана заштита на животната средина за 2022 година. Според официјалните извештаи, компаниите-членки на „Пакомак“ пријавиле 47 705 тони амбалажен отпад од кои 27 521 тон или 57,7 отсто се рециклирани. Согласно Законот за управување со отпад, „Пакомак“, како што соопшти, не само што ги …

Continue Reading

Дел од Чаир без вода

Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Аврам Писевски“ 54, „158“, „171“ и „173“ во населба Чаир. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Аврам Писевски“ 54. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Continue Reading

„Златни денови 2023″ вечер и утревечер на плоштадот во Кратово

Општина Кратово најави богата културна програма на возобновената манифестација „Златни денови” што ќе се одржува вечер и утревечер на градскиот плоштад. -Со особено задоволство најавуваме дека по неколку години пауза се организира петтото издание на културно-забавната манифестација „Златни денови” Кратово 2023, а како организатори најавуваме дека ќе бидат денови за паметење, со многу дружење, добра музика, забава и еуфорија со …

Continue Reading

Јелен ја повика Кина да се врати на пазарните реформи

Американската министерка за финансии Џенет Јелен ја започна својата четиридневна посета на Кина со повик до властите во земјата да се вратат на патот на пазарните реформи, истовремено предупредувајќи дека САД и нивните партнери ќе преземат мерки против таканаречените „нефер трговски практики“ што ги користи Кина, објавија странските агенции. Јелен зборуваше за време на состанокот со претставници на американските компании …

Continue Reading

Вицепремиерот Битиќи ќе ја посети компанијата „Цермат“ во Битола

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи деднеска е во работна посета на општина Битола. Битиќи ќе ја посети компанијата Цермат, чија примарна дејност е производство на сладолед и замрзнати производи, поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ).

Continue Reading

Во Памплона почна фестивалот на трки со бикови

Неколку десетици илјади луѓе се собраа во шпанскиот град Памплона на годинашниот фестивал „Сан Фермин“ што почна вчера, каде што се одржуваат трките на луѓе со бикови. Фестивалот ќе трае до 15 јули. Облечени во бели панталони и бели кошули, со црвен појас и шал околу вратот, учесниците од утрово пеат, се веселат и пијат вино. На утринската трка низ …

Continue Reading

Милатовиќ пред посетата на Белград: Најважниот сегмент е целосна нормализација на односите

Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, денеска изјави дека фокусот на неговата претстојна посета на Белград, на 9 и 10 јули, ќе биде целосното нормализирање на односите со Србија како важен економски партнер, пренесоа подгоричките медиуми. Во изјава за РТЦГ, Милатовиќ потсети дека ќе се сретне со српскиот претседател, Александар Вучиќ и најави дека ќе го покани да ја посети Црна Гора. …

Continue Reading