Актерот Стрезо Стаматовски вели: „Не е мамено“. Му веруваме?

Сите што налетале на некоја епизода или кратко видео од серијата ТВ Такси 28 знаат кој е таксистот Стезо. Тоа е оној препознатлив наш народен сезнајко, херој од маало, лик кој секогаш има идеја за решение на секој еден проблем. Сите познаваме по еден таков кој што ти доаѓа дома и ти поставува електрична и водоводна инсталација, а во паузата …

Continue Reading

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе присуствува на самитот на НАТО во Вилнус

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе присуствува на самитот на НАТО следната недела во Литванија, јави Јонхап. Властите во Јужна Кореја и Јапонија на маргините на безбедносниот форум во Вилнус договараат средба меѓу Јун и јапонскиот премиер Фумио Кишида, додава јужнокорејската агенција. Јужнокорејското претседателство потврди дека покрај оваа средба во Вилнус ќе има и разговори во формат на лидерите на Јужна …

Continue Reading

Хјуман Рајтс Воч: Украина и Русија мора да престанат да користат касетна муниција

И руските и украинските вооружени сили користеле касетна муниција со која се убиени украински цивили, соопшти денеска Хјуман рајтс воч. Тоа се случува во време кога САД размислуваат дали да одговорат на барањето на Украина да добие такво оружје. Меѓународната невладина организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч ги повика и Русија и Украина да престанат да го …

Continue Reading

Владата да ја активира Комисијата за посредување во авторските и сродните права и да го одобри Тарифникот

Речиси 60 организации од целиот свет кои ги претставуваат аудио-визуелните автори и изведувачи го искажаа нивното незадоволство и загриженост за долгогодишното статус-кво во земјава во однос на регулирањето на аудиовизуелните авторски права во земјава и неможноста Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС да почне со колектирање на средства од аудиовизуелните дела. Нивната реакција доаѓа откако до …

Continue Reading

Португалскиот претседател накусо бил примен во болница откако паднал во бесознание на јавен настап

Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуса, вчера бил примен во болница откако изгубил свест за време на јавен настан, но тој денеска е веќе отпуштен, јави шпанската агенција ЕФЕ. „Се чувствувам добро“, изјави 74-годишниот шеф на државата, објаснувајќи дека морал двапати да биде подложен на испитувања во болницата. Ребело де Соуса објасни дека паднал во бесознание поради наглото опаѓање на …

Continue Reading

Зеленски вети „конкретен “ одговор по нападот врз Лавов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети „конкретен одговор“ на рускиот ракетен напад врз станбен блок во градот Лавов, во западна Украина, во кој, според ажурираните податоци што ги објави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко, загинаа четири лица, пренесуваат француските медиуми. „Ова се последиците од полноќниот напад на руските терористи“, кажа Зеленски во објавата на каналот Телеграм, што беше придружена …

Continue Reading

ИОМ: Од 2017-та регистриран најголем број загинати мигранти во Средоземното море

Бројот на мигранти кои загинале во Медитеранот од почетокот на годината е најголем од 2017 година, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), цитирани од ДПА. Најмалку 1.874 мигранти кои се обиделе да го преминат Медитеранот загинале или исчезнале во првите шест месеци од годината. За споредба, во истиот период лани, бројката била 1.108. Во 2017 година најмалку 2.278 …

Continue Reading

Вонредна состојба во јужниот дел на Перу поради активностите на вулканот Убинас

Владата на Перу прогласи 60-дневна вонредна состојба во неколку јужни градови бидејќи најактивниот вулкан во земјата Убинас исфрла пепел и гасови. Пепелта од вулканот Убинас во регионот Мокуегуа, на околу 1.200 километри југоисточно од главниот град Лима, се искачи на надморска височина од 5.500 метри и стигна до градовите оддалечени повеќе од 10 километри, соопшти Геофизичкиот институт на Перу. Околу …

Continue Reading

Во Скопје вчера казнети 206 возачи, 35 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во контрола на сообраќајот вчера во Скопје изрече 206 казни, од кои 35 за возење со брзина поголема од дозволената. Како што информира МВР, 42 казни за прекршоци што ги прават пешаците, 11 санкции за возење без возачка дозвола, седум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. -Изречени се шест мерки за користење мобилен …

Continue Reading