Рама: Се уште имам надеж дека Курти не заборавил дека гостинот не се брка од дома

Албанскиот премиер Еди Рама, на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски во Скопје, дали во Приштина ќе се сретне со премиерот на Косово Албин Курти, кажа дека „се уште има надеж оти Курти не заборавил дека гостинот не се брка од дома“. -Се надевам дека Албин не заборавил на каменот дека на било кој да …

Continue Reading

Трета работилница од проектот ,,Инспекторите во служба на граѓаните” во Делчево

Во рамки на смарт проектот  „Инспекторите во служба на граѓаните” денеска во Делчево се одржа третата едукативна работилница на која присутните се запознаа со работата на градежниот и сообраќајниот инспектор. На оваа работилница, како што истакна координаторот на проектот Зоран Биковски, главен акцент беше ставен на навременото адресирање и пријавување на проблемите до соодветните инспекторати. – Наши учесници на третата …

Continue Reading

Бектеши: Ќе се реши проблемот со струјата во Слупчане, секој мора да си ја плаќа сметката

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека денеска ќе биде решен проблемот со дефектот во липковско Слупчане поради кој ова и уште неколку села од вчера се без струја. Со оглед дека жители на Слупчане не дозволуваат интервенции од странана ЕВН, Бектеши денеска изјави дека градоначалникот на Липково Еркан Арифи веќе разговарал со населението, а ако треба, како што рече, …

Continue Reading

Претставени обновените „Пежо 208“ и „Е-208“

Kако најпродаван автомобил во Европа во 2022 година, „Пежо 208“ го симна од престолот легендарниот „Фолксваген Голф“, а воедно е и најпопуларниот модел на францускиот пазар. Со цел да го одржи тој продажен моментум, „Пежо“ го освежи субкомпактниот модел, како и електромобилот „Е-208“ за следната 2024 година. Новото лице првично беше претставено со тркачкиот автомобил со издржливост 9×8 пред редизајнираниот …

Continue Reading

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување

Невозможно е да се гради предвидлива бизнис клима ако со години не се носат клучни, издржани закони кои би го подобриле работењето на компаниите, а се туркаат ад-хок решенија, по скратена постапка. Тоа мора да престане. Мора да научиме да почитуваме принципи и тоа што е договорено, да се имплементира. Не може да се менуваат правилата преку ноќ, ниту треба …

Continue Reading

Јакимовски: Планот е направен на најдемократски начин, согласно Генералниот урбанистички план

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, на денешната прес-конференција која ја одржа пред општината нагласи дека планот за сообраќајницата спроти студентскиот дом Гоце Делчев и спроти трговскиот центар Олимпико е направен на најдемократски начин, согласно Генералниот урбанистички план. Јакимовски го отфрли обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека со изградбата на улицата ќе наштети на околните објекти, посочувајќи дека сите барања на граѓаните …

Continue Reading

Ковачевски: Ја поддржувам оценската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама рече дека ја поддржува оценската мисија што Европската Унија ја најави за работата на Судскиот совет. -Не е првпат да има оценска мисија од страна на Европската Унија, имало во минатото. Ова е тема на која јас со евроамбасадорот Дејвид Гир имам разговарано …

Continue Reading

ЕСДЕ: ЕУ бележи економски раст, но се соочува со недостиг на работна сила

И покрај руската инвазија врз Украина што резултираше со економско забавување во ЕУ во втората половина на 2022 година, пазарот на трудот во Унијата лани покажаа извонредна отпорност на ваквите влијанија и беше забележан реален економски раст од 3,5 проценти, се наведува во Извештајот за вработување и социјален развој во Европа (ЕСДЕ) за 2023 година на Европската комисија . Во …

Continue Reading

Шведски суд осуди Курд за уцена и финансирање на Курдистанската работничка партија

Шведски суд денеска прогласи за виновен Курд со турско потекло за обид за финансирање на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која се побуни против турската држава во 1984 година. Одлуката доаѓа во чувствителен момент за односите на Шведска со Турција, чиј претседател Реџеп Таип Ердоган го блокира нејзиниот влез во НАТО, тврдејќи дека ги штити поддржувачите на милитантните групи кои …

Continue Reading