Околу Москва соборени пет дронови, нарушен сообраќајот на аеродромот Внуково

Руските власти денеска соопштија дека пет беспилотни летала биле соборени во пошироката област на Москва и дека поради тоа е нарушена работата на меѓународниот аеродром Внуково, во близина на главниот град, а за „терористичкиот чин“ ја обвинија Украина. Утринава е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со пет беспилотни летала, чија цел биле локации во регионот …

Continue Reading

Избор од Христо Петрески на македонски и српски јазик

Издавачката куќа „Арка” објави избор од поезијата на Христо Петрески на македонски и српски јазик. Изборот е објавен под заеднички наслов „Третиот камен”, а во него се содржани песни од книгите „Обратна”, „Пергамент” и „Здив пред огледало”. Станува збор за обемен избор од три понови стихозбирки на Христо Петрески, меѓу кои е и стихозбирката „Пергамент”, за која Петрески ја доби …

Continue Reading

Грчкиот Парламент денеска избира претседател

Новоформираниот грчки Парламент што произлезе од изборите на 25 јуни и веќе положи свечена заклетва, денеска ќе одржи седница за избор на претседател и потпретседатели, јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на Нова демократија и премиер на Грција Кирјакос Мицотакис, повторно го предложи Константинос Тасулас за претседател на Парламентот, со што, доколку биде изгласан, ќе добие уште еден четиригодишен …

Continue Reading

Интер му нуди на Челзи 30 милиони евра за Лукаку

Според италијанскиот весник, миланезите на лондонскиот клуб му нудат 30 милиони евра за 30-годишниот Белгиец. Самиот играч изрази желба да ја продолжи кариерата во Интер. Напаѓачот ја помина сезоната 2022/23 во Интер како позајмен фудбалер. Лукаку последната сезона има 37 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и седум асистенции.

Continue Reading

Сунак нареди ревизија на законите кои ја опфаќаат порнографијата

Британскиот премиер Риши Сунак наложи ревизија на сите закони кои ја опфаќаат порнографијата по извештаите дека повеќе од четвртина од децата се сретнале со неа на интернет. „Владата сака да обезбеди сите закони и регулативи за порнографија да функционираат доследно за сите порнографски содржини“, рече Сунак. Минатата недела, британската Влада го поддржа амандманот на пратениците со кој се бара построга …

Continue Reading

Презентација на Мултимедијалниот проект „Сеќавања“ на Фунда, Батухан и Беди Ибрахим во Софија

Во галеријата на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, вечер во 18:30 часот, ќе биде претставен мултимедијалниот проект „Сеќавања“ на Фунда Ибрахим, Батухан Ибрахим и Беди Ибрахим. Проектот содржи изложба на сликарски дела, уметнички инсталации и видеоарт од тројцата автори, активни во ликовната, филмската и театарската уметност. Како што се наведува во најавата од КИЦ на …

Continue Reading

Перу ќе прогласат вонредна состојба во областа околу вулканот Убинас

Перуанските власти ќе прогласат вонредна состојба во областа околу вулканот Убинас во јужната област Мокегуа, објавија денеска локалните власти. Националниот институт за цивилна одбрана (INDECI) во своето соопштение наведува дека тревогата во оваа област е подигната од „жолто“ на „портокалово“ ниво откако излевањето на пепелта достигна висина од 1.700 метри. Јужен Перу, област каде што се наоѓаат важни рударски наоѓалишта, …

Continue Reading

Вицепремиерот Битиќи на увид во градежните работи на мостот на улица „Љубљанска“

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, ќе изврши увид во градежните работи на мостот на улица „Љубљанска“, информираат утрово од владината прес-служба. Мостот се гради во Општина Карпош со средства од ТАВ програмата за што се одвоени над шест милиони и …

Continue Reading

Премиерите на Холандија и Луксембург денеска во Косово

Премиерите на Холандија и Луксембург, Марк Руте и Ксавиер Бетел се очекува да допатуваат претпладнево во Приштина, каде што ќе бидат пречекани од косовскиот премиер, Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Според синоќешното соопштение на владината служба за информирање, Курти ќе ги пречека премиерите на двете земји членки на ЕУ на приштинскиот аеродром по што ќе има средба …

Continue Reading