Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО одбележа јубилејни и историски 50 години постоење

Со два фестивалски денови и настап на 17 хорови и околу 600 хористи, Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО одбележа јубилејни и историски 50 години постоење. Фестивалот, кој прв пат се одржал во 1973 година, вчера со три часовен концерт на седум хорови го реализираше овогодишното издание. Претходно, на пладне со три хорови настапија со православна духовна музика во соборната тетовска црква …

Continue Reading

Приведен крадец во Битола, фатен на дело додека крадел во црква

Полициски службеници денеска го привеле српскиот државјанин Н.М. (36) поради кражба во црква во Битола. Тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Битола, од каде одзел пари. Крадецот е приведен и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Continue Reading

Уште еден албански градоначалник под истрага од СПАК, бил осудуван во Грција

Албанското специјално обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, почна истрага против градоначалникот на Кучово, Крешник Хајдари, поради „фалсификување податоци во формуларот за декриминилизација”. – Сомнежите се дека и покрај тоа што Централната изборна комисија не го спречила да се кандидира, СПАК води истрага против него за фалсификување на формуларот за декриминализација. Хајдари, затскрил дека судот во грчкиот пограничен град …

Continue Reading

Најмногу дожд во Битола

Најмногу наврнат воден талог од 42 литри на метар квадратен за изминатите 24 часа до 8 часот утрово, има во Битола. Како што информираат од УХМР, следат Претор со 16 л/м2, 9 во Струмица, Берово и Крушево, 6 во Виница, 2 во Тетово и 1 во Охрид и на Попова Шапка. Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните …

Continue Reading

Маричиќ во Ниш на потпишување на ИПА за прекугранична соработка со Србија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш ќе ја потпиши трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и Европска Унија. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен буџет од 9,7 милиони евра, …

Continue Reading

Санкционирани 251 возачи во Скопје, 136 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територијата на градот изречени се вкупно 251 меркa, меѓу кои 136 за возење повеќе од дозволената брзина. Како што соопшти МВР, изречени се и 16 мерки за возење без возачка дозвола, 10 за управување возило под дејство на алкохол, осум …

Continue Reading

Принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомниците

Британскиот престолонаследник, принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомници „Homewards“ во која планира да обезбеди средства и стручни совети на шест локации со цел да се намали бројот на бездомници. „Цврсто сум убеден дека со заедничка работа можеме да го направиме бездомништвото ретка појава. Со нетрпение очекувам да работам на нашите шест локации за да ја …

Continue Reading

Полициски час воведен во северниот дел на Хондурас

Владата на Хондурас воведе двонеделен полициски час во два северни града Чоломи и Сан Педро Сула, откако повеќе од 20 лица беа убиени во два одвоени вооружени напади викендот. За Чолома полицискиот час од 21 до 04 часот стапува на сила веднаш, а во Сан Педро Сула од 4 јули. Во саботата вечерта, тешко вооружени мажи убија 13 луѓе во …

Continue Reading

Расказ на Томислав Османли објавен во Хрватска

Реномираниот хрватски портал ‘TRIS’ деновиве го објави расказот „Сонот на Ангеле Богев“ на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за еден од расказите кои авторот жанровски ги одредува како каприча и кои ги објави во истоимената книга во издание на „Магор“ од Скопје, а овој конкретен расказ во нејзината српска објава насловена „Збир-ка-прича“, издание на новосадски „Прометеј“. Расказот има вербо-визуелна …

Continue Reading