Македонските тенисерки изборија финале во Третата Европска зона во Били Џин Кинг купот

Македонската женска тениска репрезентација обезбеди пласман во финалето во Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот, откако попладнево во Скопје во завршното петто коло ја совлада Молдавија со 3-0 и со максимален ефект од пет победи заврши првопласирана во групата Б. Почетна предност за македонската репрезентација обезбеди Магдалена Стоилковска, која со 2-0 во сетови (7-6, 7-5) ја совлада Даниела …

Continue Reading

Ќе се изработува физибилити студија за ски-центарот „Царев Врв“ на Осоговските Планини

Иницијативата за изградба и развој на идниот ски-центар „Царев Врв“ на Осоговските Планини, добива национално значење и со поддршка од државата, во наредниот период ќе се преземат активности за изработка на мастер план. Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беше потпишан меморандум за соработка со општините Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Пробиштип, Крива Паланка и Кратово, како и со …

Continue Reading

Во Бигорскиот манастир вечерва ќе се чествува „Достојно ест“

Свештената бигорска обител традиционално и годинава го одбележува празникот на Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“, за што во манастирот се пристигнати верници од повеќе делови на државава. Вечерва во 22 часот ќе започне сеноќното бдение, а благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја. Иконата во овој Бигорскиот …

Continue Reading

Хаџибегиќ веќе не е селектор на БиХ

Фарук Хаџибегиќ веќе не е селектор на Босна и Херцеговина, ја потврди денеска босанската фудбалска Федерација (НС БиХ) одлука која беше очекувана по серијата слаби резултати во квалификациите за ЕУРО2024. „Претпладнево имаше разговор меѓу претседателот на НС БиХ, Вицо Зељковиќ, директорот на репрезентацијата Звездан Мисимовиќ и Хаџибегиќ, и договорен е спогодбен раскин на соработката со овој стратег“, се наведува во …

Continue Reading

Почина Кико, момчето за кого се собираа средства за лекување во Турција

Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ потврдија за МИА дека денеска починал нивниот пациент Кристијан Коцев, за кого се собираа финансиски средства за лекување во Турција. Коцев бил примен во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на 18 јуни во состојба на општа слабост, губиток во тежина, тешко дишење, забрзан пулс. – Станува збор за пациент со докажано хередитарно невролошко заболување со направена …

Continue Reading

Илхан Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели

Постапката во македонското Собрание за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава ќе започне во рок од две недели, тврди бугарскиот европратеник и известувач за Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук. – Оваа или следната недела Владата ќе го достави конкретниот предлог на Работната група на расправа во Собранието, изјави Ќучук за бугарската телевизија бТВ. Европратеникот кој неделава …

Continue Reading

Расчистени пет тешки кражби на подрачјето на Дебар, поднесени кривични пријави против албански државјанин

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар при ОВР Дебар денеска расчисти пет кривични дела, при што до Основното јавно обвинителство Дебар се поднесени пет кривични пријава против Д.Ц.(36) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236, став 1, точка …

Continue Reading

Во првото пријавување, во прва година, во дебарската гимназија запишани 65 ученици

Во единственото средно училиште во општина Дебар, гимназијата „28 Ноември“ во првото пријавување во прва година запишани се 65 ученици што е околу 24 отсто од предвидената квота. -Запишани се сите 65 пријавени ученици. Од нив 51 се за паралелките со настава на албански, додека 14 за македонски наставен јазик. Според Конкурсот на МОН, можност за упис имаат 272 ученика …

Continue Reading

Тренчевска: Регионалните соработки водат кон заеднички успеси од кои придобивка имаат сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по завршувањето на меѓународната конференција „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“, во Црна Гора, оствари две билатерални средби, со  министерката за труд и социјална политика на Република Бугарија, Иванка Шалапатова и министерот за човекови и малцински права и бегалци на Босна и Херцеговина, Севлид Хуртиќ. На средбата со  министерката за …

Continue Reading