У18: Двоен пораз на македонските кошаркарки на гостувањето во Грција

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години претрпе порази на двата контролни натпревари кои оваа недела ги одигра против Грција во Солун, во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство во б дивизијата. Во ослабен состав без Михаела Алексовска, Марија Николов и Милица Николиќ, македонската репрезентација на првиот натпревар одигран во вторникот беше поразена со 69-29, додека ден подоцна Грција …

Continue Reading

Академик Камбовски: Со уставните измени „тропаме на отворена врата“

Академикот Владо Камбовски денеска изјави дека прашањето за уставните измени не заслужуваат толкава бура во јавноста, бидејќи со иницијативата за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот „тропаме на отворена врата“. Тие, потенцира академикот, се внесени во Уставот како заедница затоа што во Преамбулата постои генерална клаузула која зборува и за „други народи односно заедници“. – Јас мислам дека е …

Continue Reading

Министерката Тренчевска на меѓународна конференција во Црна Гора

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е во дводневна посета во Црна Гора, каде ќе учествува на меѓународната конференцијата „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“. Конференцијата, како што соопшти МТСП, ќе ја отвори пртседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, а домаќин на настанот е министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир …

Continue Reading

Спасовски: Одлична соработка на МВР и СЕЛЕК, реализирани бројни заплени на кокаин и прекурсори

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работната посета на Букурешт, Република Романија, денеска оствари билатерална средба со Генералниот директор на Центарот за спроведување на Законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), Огуз Серкан Акин. Притоа, тој истакна дека повторната средба со директорот Серкан-Акин, претставува уште една можност да се потврди добрата соработка. -Ми претставува  особено задоволство што повторно имам …

Continue Reading

Бужаровска: Успехот на книгите во Грција ги надминува сите националистички приказни, постои искрена желба за љубов и пријателство

Едно од најголемите задоволства ми е успехот на моите книги во Грција, бидејќи ги надминува сите националистички приказни и сите болки кои досега сме ги имале, се отвора една љубов, едно вистинско пријателство, гледам дека постои една глад кон тоа да се дознае кој е нивниот северен сосед, истакнува за МИА македонската писателка Румена Бужаровска по уште едно успешно претставување …

Continue Reading

Германскиот канцелар го повика НАТО на самитот во Вилнус да се фокусира на зајакнување на воените капацитети на Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска од говорницата во Бундестагот ги повика лидерите на земјите членки на НАТО, на самитот во јули во Вилнус, да се фокусираат на зајакнувањето на воените капацитети на Украина. Украинската влада изјави дена не станува збор за приклучување кон НАТО сè додека Русија ја води својата војна против Украина, изјави Шолц во германскиот законодавен дом. „Затоа …

Continue Reading

Вучиќ: Одам во Брисел да разговарам со Борел, но не и со Курти

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска во Брисел нема да разговара со Албин Курти бидејќи, како што наведе, косовскиот премиер не е заинтересиран за мир, туку само за протерување на Србите од Косово и Метохија. Вучиќ во гостувањето на РТС рече дека „знае дека се приближило донесувањето на различни одлуки“. „Денеска ќе одам во Брисел да разговарам со (високиот …

Continue Reading

Без вода улиците „Георги Димитров“ и „Дебарска“

Поради дефект во шахта ф 2“ на улица „Георги Димитров“ 23, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Георги Димитров“ и „Дебарска“. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

УЕФА го казни Мурињо со четири натпревари

УЕФА му изрече суспензија од четири натпревари во европските клупски натпреварувања на португалскиот тренер Жозе Мурињо поради навреди на адреса на англискиот судија Ентони Тејлор. Суспензијата е изречена откако УЕФА ја заврши интерната истрага поврзана со контроверзното финале во Лига Европа во кое Севиља на пенали ја совлада Рома, предводена од 60-годишниот Мурињо. Португалскиот стратег за време на финалето нервозно …

Continue Reading