Приведен бегалец од затвор, осуден на 16 години затворска казна

 – Криминалистичката полиција при СВР Битола по распишана централна потерница од слобода денеска го лиши Р. Р. (60) од село Маково, општина Новаци, кој бил баран поради бегство од КПУ Затвор Прилеп. – Р.Р.  е осуден на 16 години и 4 месеци за кривично дело “убиство” по чл. 123 од КЗ, а за  доиздржување има 9 години и 7 месеци. Лицето …

Continue Reading

Парламентот на Република Српска со закон го забрани објавувањето одлуки на Шмит

 – Парламентот на Република Српска денеска усвои закон со кој се забранува објавување на одлуките на високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит во Службен весник на ентитетот, со што се интензивира конфликтот со меѓународната заедница и политичката криза. На иницијатива на претседателот на РС, Милорад Додик, партиите кои го сочинуваат владејачкото мнозинство во ентитетскиот парламент предложија, а нивните претставници гласаа за …

Continue Reading

Демир Капија доби финансиска поддршка за колекторски систем за одведување на отпадни води

Демир Капија доби финансиска поддршка за колекторски систем за одведување на отпадни води, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. –  Општина Демир Капија доби финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација на проектот „Надградба на дел од канализациона мрежа и колекторски систем за одведување на отпадни води до локација на ПСОВ 1 за град Демир …

Continue Reading

На Италија ќе и биде тешко да ја постигне целта на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана

Италија тешко ќе ја исполни целта на НАТО за трошоците за одбрана, доколку Европската унија одбие да дозволи одредена буџетска флексибилност, изјави  италијанскиот министер за одбрана во Парламентот. На самитот во 2014 година, лидерите на НАТО се согласија да потрошат најмалку 2 отсто од БДП за одбрана во рок од една деценија, но претходната италијанска влада предводена од Марио Драги …

Continue Reading

Османи во Лондон на Конференција за обнова на Украина: Зајакнување на поддршката за Украина како одговор на заедничките безбедносни предизвици

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Лондон, во чиј фокус, како што информираат, биле можностите за поддршка на Украина, како и идните чекори за обнова на земјата која се соочува со последиците од руската воена агресија. На состанокот, Османи, се вели во соопштението од МНР, ја реафирмираше недвосмислената поддршка …

Continue Reading

Најмалку 16 повредени во пожар по експлозија во Париз

Најмалку 16 луѓе се повредени во пожар што зафати згради по експлозија во петтиот арондисман во Париз, соопшти полицијата. Деветмина од нив се во исклучитрелно тешка состојба. Париската полиција ги повика луѓето да ја избегнуваат областа. Локалните медикуми јавија дека најверојатно се случила експлозија на гас. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен соопшти дека пожарот избувнал во близина на …

Continue Reading

За малата подморница која исчезна во близина на Титаник се водел судски спор поради сомневање за недоволна безбедност

Компанијата чија мала подморница со пет лица исчезнала во водите на Северниот Атлантик за време на туристичко нуркање до потонатиот брод Титаник, постојано била предупредувана за потенцијални катастрофални безбедносни проблеми со изградбата на бродот, јавија американските медиуми цитирајќи документи. Дејвид Лохриџ, директорот за подводни операции на OceanGate, напишал инженерски извештај уште во 2018 година во кој се наведува дека бродот, …

Continue Reading

Ковачиќ од Челзи во Манчестер сити

Манчестер сити и Челзи ги договорија условите за трансфер на хрватскиот фудбалски репрезентативец Матео Ковачиќ во редовите на актуелниот англиски и европски првак, јавија денеска британските медиуми. Сити на Челзи ќе му плати обесштетување од 30 милиони фунти, од кои 25 милиони фунти се фиксен дел, а пет милиони се потенцијални бонуси. Преостанува Манчестер сити со Ковачиќ да ги договори …

Continue Reading

Дел од корисниците на ул. „Перо Наков“ утре без вода

Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Перо Наков“, на потегот од бул. „Киро Глигоров“ до МЗТ во Општина Гази Баба. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 250 мм на ул. „Перо Наков“ бб (во близина …

Continue Reading