Украински првак во кикбокс убиен во битка со руската војска

Украинскиот шампион во кикбокс Максим Бордус (23) е убиен во борба против руските воени сили, објави украинската интернет страна „Спортски ангели“ на која се евидентираат воените жртви меѓу спортистите. Бордус, како што е соопштено, загинал на 11 јуни во „жестоки борби против руските агресори“. Со секој изминат ден со оружје во рацете се приближуваме до победата на Украина, но тој …

Continue Reading

ЕПИ: Состојбата со реформата на јавната администрација речиси иста како во 2019/20 година, некаков напредок во 2021/22 е забележан во областа отчетност

Ситуацијата со реформата на јавната администрација е речиси иста како во претходниот мониторинг за 2019/20 година, има застој особено во однос на носењето на законите кои се однесуваат на администрацијата и законот за висока раководна служба, а некаков напредок е забележан во областа отчетност, се констатира во Извештајот за реформата на јавната администрација во 2021/22 година што го изработи Институтот …

Continue Reading

Во Судан судири по истекот на тридневното примирје

По истекот на 72-часовниот прекин на огнот избија судири во неколку делови на главниот град на Судан, Картум, како и во Бахри и Омдурман. Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) се борат меѓусебно повеќе од два месеци, предизвикувајќи уништување на главниот град, со широко распространето насилство во западниот регион Дарфур и принудувајќи повеќе од 2,5 милиони луѓе …

Continue Reading

Ковачевски: Ставањето на Мерко на црната листа на САД потврдува дека на нашиот истражен и правосуден систем му е потребен ремонт

Ставањето на градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД, потврдува дека на нашиот истражен и правосуден систем му треба генерален ремонт, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Во одговор на новинарско прашање, Ковачевски денеска од Виница упати критики до домашните истражни и правосудни органи што досега не успеале да дојдат до информации за струшкиот градоначалник. – Наводите …

Continue Reading

Победнички зелени идеи за 2023: Регенеративна економија во мода и протеинска храна од инсекти и леблебија

На 20-ти јуни „АРНО“ ги прогласи победниците од овогодинешниот натпреварот „Зелени идеи“. Жири комисијата на натпреварот во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Дизајн на ташни со техника на плетење без создавање на отпад. Изработени од самохрани мајки; “ на Натали Ристовска- ЈОВАНКА МАИСОН ДООЕЛ Скопје и „Дизајнерски шапки“ на Мирјана Јосифоска од ДПТУ МИР-ЈОС ДООЕЛ, додека за ембрионска …

Continue Reading

Повеќе од 20 винарии на годинешниот втор по ред Охридски фестивал на виното

Со потврдено учество на повеќе од 20 винарии од сите региони на земјата наредните три дена во Охрид ќе се одржува второто издание на Охридски фестивал на виното. На годинешниот фестивал пред охриѓани и туристите во градот ќе се претстават добро познатите големи вински брендови и компании од земјата,, како и некои од помалите семејни винарии. Градоначалникот на Охрид, Кирил …

Continue Reading

Ескобар: Одлуката на Стејт департментот за Мерко ќе и помогне на Владата да продолжи со борбата против корупцијата

Се надевам дека одлуката на американскиот Стејт департмент за ставање на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД поради „значителна корупција“, ќе и помогне на Владата на Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Ваквата изјава Ескобар ја даде вчера за Програмата на Гласот на …

Continue Reading

Концептите на недискриминација во законодавството ќе се воведат преку амандмани на пет закони

Со направена анализа врз база на која се направени аманадмани на пет закони, чија цел е подобрување на законодавството кое упатува на дискриминација, денеска се заокружи ИПА проектот „ЕУ за човекови права: Воведување на концептите на не-дискриминација во законодавството“. Станува збор за амандмани во Нацрт-закон за кривична постапка, Нацрт-кривичен законик, Нацрт-закон за работни односи, Нацрт-закон за родова еднаквост и Закон …

Continue Reading

Билстром: Ги исполнивме нашите обврски, време е Турција да започне со ратификација

Шведска ги исполни своите обврски од договорот со Турција поврзани со членството во НАТО, а сега е време турскиот Парламент да го започне процесот на ратификација, изјави шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром. Шведска и Финска лани по руската инвазија во Украина поднеле барање за членство во НАТО, напуштајќи ја својата долгорочна политика на воена неусогласеност. Во март, Турција …

Continue Reading