Израел е подготвен да одобри илјадници градежни дозволи на Западниот Брег.

Израелската Влада ги обелодени плановите за одобрување на илјадници градежни дозволи на окупираниот Западен Брег, и покрај притисокот на САД да се запре проширувањето на населбите што Вашингтон го гледа како пречка за мирот со Палестинците. Плановите за одобрување на 4.560 станбени единици во различни области на Западниот Брег се на дневен ред на Врховниот совет за планирање на Израел …

Continue Reading

Уапсените за несреќата со мигрантите кај Пелопонез ќе бидат изведени пред истражен судија

За формирање криминална организација за трговија со илегални мигранти, предизвикување бродолом од небрежност и за загрозување на животи се товарат уапсените деветтемина Египќани за несреќата со мигрантите минатата седмица, а денеска ќе бидат изведени пред истражен судија во грчкиот град Каламата, јави дописничката на МИА од Атина. Уапсените се осомничени дека се криумчари и дека се одговорни за бродоломот во …

Continue Reading

„Кајмак“ вечерва пред данската публика

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде свечено прикажан во Копенхаген. – Паралелно со ова, минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ – работен наслов „Биста“ – ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на …

Continue Reading

Тројца Палестинци убиени, а најмалку 29 повредени во рација на израелската војска во Џенин, на Западниот Брег

Израелските војници убиле тројца Палестинци, вклучително и еден малолетник, а повредиле најмалку 29 во голем вооружен конфликт со екстремисти на улиците на градот Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Израелската армија соопшти дека војниците наишле на оган за време на апсењето и дека возвратиле. Како што е наведено, кога безбедносните сили го напуштале градот, воено …

Continue Reading

СПМ: Двоцифрената инфалција и натаму ги осиромашува граѓаните

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека економската состојба во Македонија се влошува на сметка на стандардот на граѓаните. Опстојувањето на двоцифрената инфалција и натаму ги осиромашува граѓаните и ги обезвреднува нивните приходи и заштеди. СДС и ДУИ со лошата и неправедна економска политка го зголемуваат бројот на социјални случаи и на лица кои едвај преживуваат со мнимални плати и пензии. …

Continue Reading

Претставена новата финска Влада

Финската конзервативна Национална коалиција (НКП), која победи на парламентарните избори во април, ги претстави клучните позиции во новата Влада, која ќе ја предводи партискиот лидер Петри Орпо. Според политичките аналитичари, тоа ќе биде најдесничарската влада од Втората светска војна. По разговорите што траеја повеќе од седум недели, НКП во петокот објави дека постигнала договор со три партии за формирање на …

Continue Reading

Седум повредени во украинско гранатирање на градот Валујки во руската област Белгород

=Седум цивили, меѓу кои и едно дете, се повредени во текот на ноќта во украинското гранатирање на градот Валујки во руската област Белгород на границата со Украина, рече денеска гувернерот на провинцијата, Вјачеслав Гладков на комуникациската платформа Телеграм. Посочи дека оштетени се пет катни згради и четири куќи, а една зграда се запалила. Роман Старовојт, гувернер на Курската област, која …

Continue Reading

Изречени 161 санкција за брзо возење на територија на СВР Битола

На територијата на СВР Битола, вчера во периодот од 15:00 до 21:00 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 161 возач. -Од вкупно 161 возач, 122 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се …

Continue Reading

Фезер во Тунис на разговори за миграцијата

Тероризмот и миграцијата се на врвот на агендата на денешните разговори меѓу германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер и претседателот на Тунис Каис Саид, како и министерот за внатрешни работи Камел Феких, јави ДПА. Фезер вели дека сака да ја олесни депортацијата во северноафриканската земја, но и да создаде повеќе можности за туниските работници да мигрираат во Германија. Фезер …

Continue Reading