Ф1: Ферстапен се израмни со Сена според бројот на победи

Со триумфот во трката за Големата награда на Канада во неделата вечер, холандскиот возач Макс Ферстапен дојде до својата 41 победа во Формула 1 со што се израмни со остварувањето на легендарниот Бразилец Аиртон Сена. Воедно, Ферстапен на својата Ред Бул и ја донесе јубилејната 100 победа во конкуренција на конструктори. Втор низ целта на патеката во Монтреал мина Шпанецот …

Continue Reading

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни се бележи денеска на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања и Пелинце, на Струмица кај Сушево, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун. Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално …

Continue Reading

Царинската управа: Запленети околу 71 килограм марихуана

Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир, вчера во вечерните часови спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана. – На 18.06.2023 година на граничниот премин Деве Баир на излез од државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршена од страна …

Continue Reading

Си по средбата со Блинкен во Пекинг: Кина и САД остварија напредок и постигнаа договор за некои специфични теми

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен во услови на зголемени тензии меѓу двете светски велесили, јави ДПА. До средбата, што беше потврдена во последен момент, дојде на вториот ден од посетата на шефот на американската дипломатија на Кина. Си ги опиша разговорите како „многу добри“ и рече дека „двете страни, исто …

Continue Reading

Анкета: Шпанската конзервативна Народна партија го зголеми водството пред социјалистите за предвремените парламентарни избори

Шпанската конзервативна Народна партија (ПП) треба да освои најмногу места во Долниот дом на Парламентот на предвремените општи избори во јули, далеку пред владејачката Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), според денеска објавената анкета од Ел Паис. Анкетата, спроведена меѓу 12 и 14 јуни, покажа дека ПП ја зголемува својата предност пред Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез. Анкетата проценува …

Continue Reading

Екс-претседателот Црвенковски промовира иницијатива за приближување на Западниот Балкан до ЕУ

Во недостиг на јасна стратегија за проширување постојано слушаме едни те исти мантри: од страна на ЕУ дека останува политиката на „отворени врати”, а од страна на земјите од регионот дека полноправното членство во Унијата е единствената опција за која не постои алтернатива, па затоа во такви услови би сакал да промовирам идеја за иницијатива која на земјите од Западниот …

Continue Reading

Албанија прв противник на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот

Македонската женска тениска репрезентација денеска против Албанија во Скопје го почнува настапот во рамки на Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот. Во првиот дуел, Магдалена Стоилковска ќе игра против Кристал Дуле, по што следува пресметката меѓу Лина Ѓорческа против Греши Бајри и натпреварот во дубл меѓу Ѓорческа/Стоилковска и Дуле/Бајри. Македонските претставнички влегуваат во дуелот против Албанија со фаворитската …

Continue Reading

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени во југозападна Романија

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутрината во 8 часот и 26 минути во областа Горж во југозападниот дел на Романија, соопшти Националниот институт за геофизика. Земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а најсилно се почувствувал во Таргу Џиу, кој се наоѓа на 20 километри од епицентарот. „Бев во кревет и силно се …

Continue Reading

Потсетување на звукот од виолината на Климе Садило

Во чест на виртуозот на виолина Климе Садило во среда на 21 јуни, Чалгија саунд систем ќе одржи концерт пред платото од Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Концертот е дел од проектот „Заборавениот звук – во спомен на Климе Садило“, во организација на здружението „Арт вивенди“. Претседателот на здружението Ѓоко Алоски смета дека големиот Садило заслужува почит и …

Continue Reading