Во Софија отворена изложба на македонски уметници во рамки на АКТО фестивалот

„Прекаријатот има шанса – Јавни простори во движење (кон)“ е групна изложба на македонски уметници која од денеска е отворена во галеријата „Структура“ во бугарскиот главен град Софија. Изложбата е во рамките на АКТО фестивалот за современи уметности. Како што јави специјалниот известувачот за МИА од Софија, со оваа изложба која е составена од 18 дела од 20 македонски уметници, …

Continue Reading

Маричиќ – Радман: Само со дијалог и консензус за европската иднина до брзо членство во ЕУ

Актуелните политички случувања и процесот на реформите во земјава, како и интеграцијата на државите од регионот во ЕУ беа во фокусот на разговорите на денешната средба вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со хрватскиот министер за европски и надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, одржана на маргините на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга. – Примерот на Хрватска за членство …

Continue Reading

„Безбедни новинари“: КФОР да се грижи за безбедноста на новинарите

Мрежата „Безбедни новинари“ (Safe Journalists), која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, денеска објави дека се приклучува на нејзината членка, Здружението на новинари на Косово (АЈК) и го повика КФОР да ја обезбеди безбедноста на новинарите. Мрежата смета дека е многу вознемирувачко што КФОР е присутен и не реагира во момент кога животот на неколку медиумски работници …

Continue Reading

Путин тврди дека бил принуден да ја нападне Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин по говорот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург одговарајќи на новинарски прашања наведе дека бил принуден да ја нападне Украина. – Војната во Украина ја иницираше украинскиот режим со поддршка од западните спонзори во 2014 година. Тогаш полна бомбардирањето во Донбас, тоа е војна. Бев принуден да употребам вооружени сили како одговор на барањето …

Continue Reading

ЕУ и Мексико се обидуваат да го модернизираат трговскиот договор

Европската унија и Мексико се договорија да развијат подлабоко политичко партнерство и соработка, на средбата меѓу мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во Мексико, јави ДПА. Двајцата лидери „изразија едногласност за важноста за модернизирање на Глобалниот договор и се договорија да ги забрзаат преговорите со цел да се финализира пред крајот на …

Continue Reading

Еврејските заедници од Македонија, Бугарија, Србија и Грција потпишаа „Меморандум за разбирање“

Под покровителство на Светскиот еврејки конгрес, Еврејските заедници од Северна Македонија, Бугарија, Србија и Грција во Софија потпишаа „Меморандум за разбирање“ со кој се обврзуваат дека во годината кога се навршуваат осумдесет години од Холокаустот заеднички ќе работат на зачувувањето на автентичната историја на еврејските заедници на Балканот, а особено за историјата на Холокаустот. Со Меморандумот се предвидува соработка во …

Continue Reading

Реакција од ОТА на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски

Со ова обраќање во име на Оперативнотехничката агенција најодговорно и во целост ја негираме изјавата и дезинформациите изнесени од страна на пратеникот Бране Петрушевски на денешната прес конференција во Собранието на Република Северна Македонија дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите и дека на било кој начин се преземаат чекори за нарушување на националната безбедност. …

Continue Reading

Шведската Влада одобри над 23 милиони долари воена помош за Украина

Владата на Шведска одлучи да ѝ го додели на Украина дванаесеттиот  пакет воена помош кој ќе изнесува 250 милиони круни (23,7 милиони долари) и ќе вклучува пробни летови на борбени авиони Грипен. Во соопштението на шведската Влада се посочува дека поголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за испраќањето на воена опрема и обуката на украинските војници. Шведска минатиот месец …

Continue Reading

Министерката Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе во одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска денеска положи цвеќе во одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа. „Никогаш да не се повтори!“ беше порака во нејзината објава на фејсбук. – Денеска молкум им оддаваме почит на дванаесетте младинци од Ваташа кои, пред 80 години на денешен ден, беа стрелани и масакрирани од тогашната бугарска окупаторска војска. …

Continue Reading