Доменикали не сака повеќе од 20 болиди на трките во Формула 1

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, изјави дека не гледа итна потреба од зголемување на бројот на тимови во првенството. – Дали би сакал да видам повеќе од 20 автомобили? Не јас не мислам така. Но, морам да нагласам дека ова е чисто мое лично мислење. Ако имате добро шоу и спектакуларни трки, 20 автомобили се повеќе од доволни. …

Continue Reading

Лешченко: Напредуваме, но Русија е моќен непријател

Советникот во кабинетот на украинскиот претседател, Серхи Лешченко, денеска изјави дека „не е лесно“ во контраофанзивата на украинската армија во Донбас, додавајќи дека, сепак, има одреден напредок во настапувањето на војската. Лешченко, кој е советник на шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за Би-Би-Си изјави дека „Украина постигна одреден напредок во источниот регион Донбас“, додавајќи дека Русија е …

Continue Reading

Кувајт купува турски борбени дронови за 367 милиони долари

Кувајт потпиша договор вреден 367 милиони долари за купување на беспилотни борбени летала ТБ2 од турската компанија Бајкар. Дронот Бајрактар ТБ2 може да носи лесни бомби со ласерско насочување и да лета непрекинато до 27 часа. Началникот за операции на воздухопловните сили на Кувајт, генерал Фахад Ал Досари, во видео порака на Твитер, истакна дека флотата од беспилотни летала може …

Continue Reading

УНХЦР: Измените на Законот за матична евиденција го трасираат патот за искоренување на бездржавјанството во Македонија

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации – УНХЦР го поздравува денешното усвојување на измените на Законот за матична евиденција од Собранието. Во соопштение до медиумите наведува дека измените овозможуваат решавање на сите познати случаи на бездржавјанство, како и секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители се без документи или без државјанство. -Секое …

Continue Reading

Повеќе од 100 илјади луѓе евакуирани поради циклон кој се движи кон Индија и Пакистан

Повеќе од 100.000 луѓе се евакуирани од патеката на моќниот циклон кој се движи кон Индија и Пакистан, а метеоролозите денеска предупредија дека може да уништи куќи и да урне далноводи. Циклонот Бипарџу, што на бенгалски значи „катастрофа“ се движи низ Арапското Море. „Се очекува во четврток вечер да дојде до копното како многу силна циклонска бура“, соопштија владините метеоролошки …

Continue Reading

Битиќи: Инфлацијата се намалува, од 19,8% минатата година ќе падне на 8% за 2023

Инфлацијата е во надолна линија и ова го потврдуваат официјалните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека од 19,8% во октомври 2022 година, инфлацијата е падната на 11,3 % за претходниот месец, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју за порталот Локално. Вицепремиерот Битиќи рече дека …

Continue Reading

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Денес на парламентарни седници во првата фаза, од сите присутни пратеници, беа поддржани два многу битни закони. По скоро две и пол години, денес пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик со кој се предвидува Македонија да биде една изборна единица. Ова е првата фаза, следи јавна и амандманска расправа, по што пратениците повторно треба да се изјаснат, односно да …

Continue Reading

Германија даде зелено светло за набавка на израелски систем за противвоздушна одбрана

Комисијата за одбрана на германскиот Бундестаг одобри два клучни воени проекти за зајакнување на одбранбениот капацитет на земјата, јави ДПА. Комисијата за одбрана постигна меѓупартиска согласност за купување на израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Arrow 3“, кој е опремен со ракети со долг дострел. Освен тоа, донесена е одлука за набавка на германски систем за противвоздушна одбрана „Iris-T“ со ракети …

Continue Reading

Најмалку тројца повредени при пожар во руска хидроцентрала

Пожар денеска избувна во хидроцентралата Новочеркас, во јужниот руски регион Ростов, при што се повредени тројца работници, изјави локалниот гувернер Василиј Голубев. Во пожарот оштетен е покривот на реакторската единица број шест. Според првичните информации најверојатна причина за пожарот е палење на гас. Огнот зафатил површина од 200 метри квадратни, а евакуирани се околу 150 лица.

Continue Reading