Азески: Најдоброто решение да се спречи иселување на младите и работна сила е подигање на животниот стандард

Бизнисот се прилагодува да не увезува странска работна сила, вели претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески, кој одговараше на прашање на МИА како во моментов бизнис секторот ќе се снајде со млада работна сила, а особено во овој период кога младите и работници заминуваат на сезонска работа во Хрватска, Словенија или други земји. Азески посочува дека …

Continue Reading

Кина и Јужна Кореја трагаат по остатоците од урнатата вселенска северокорејска ракета во Жолто Море

Кинески воени бродови спроведуваат операција во водите на Жолто Море каде минатиот месец се урна севернокорејска вселенска ракета, соопштија денеска јужнокорејските власти. Британските медиуми пренесуваат дека и јужнокорејската војска спроведува операција за пребарување на остатоците од севернокорејска вселенска ракета во водите кај островот Еочеонгдо, во Жолтото Море. Ракетата паднала во морето, на местото каде се вкрстуваат ексклузивните економски зони на …

Continue Reading

Најмалку две жртви во судир меѓу криминални банди во Шведска

Две лица загинаа, а две се ранети во пукање за кое се сомнева дека е конфликт меѓу две криминални групи во близина на Стокхолм, јавија денеска локалните медиуми. Во јужното стокхолмско предградие Фастри, маж вооружен со автоматско оружје отворил оган околу 18 часот во саботата, убивајќи 15-годишно момче и 43-годишен маж, додека една од ранетите е 60-годишна жена. Шведскиот министер …

Continue Reading

Без вода неколку улици во Пржино

Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Пандо Кљашев“ 69, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Пандо Кљашев“, дел од ул.„Милан Мијалковиќ“ и дел од ул.„ Кара Трифун“ во населба Пржино. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:20 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Премиерот Ковачевски на увид на реконструкцијата на системот за водоснабдување во Општина Богданци

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и градоначалникот Блаже Шапов, денеска беше на увид на отпочнување на реконструкцијата на системот за водоснабдување во Општина Богданци, кој, како што рече, е исклучително важен проект за оваа општина со што ќе се обезбеди здрава вода за пиење, намалување на финансиските загуби и воведување на …

Continue Reading

Прва победа на Јашари на ЕП во снукер

Македонскиот двократен првак Берат Јашари, викендот во Албена, Бугарија, ја забележа првата победа на Европското првенство во снукер за дисциплината „6 црвени“. Јашари го победи Бугаринот Димо Ангелов со 4:0, откако претходно загуби со 1:4 од Алекс Борг (Малта). – Впечатокот е дека во поголемиот дел од дуелот со Борг, нашиот играч рамноправно се носеше, што му даде дополнителна жед …

Continue Reading

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Мотивот колку што беше докажување на невиноста, толку беше и докажување на еден нов начин на водење на судска пракса, изјави денеска обвинетиот Драги Рашковски во своите завршни зборови за случајот „Софтвери“. Во Основниот кривичен суд Скопје, Рашковски денеска детално ги образложи завршните зборови и ги изнесе аргументите со кои ги побива, како што рече, „седумте теории на Обвинителството“. Рашковски …

Continue Reading

Мицкоски: Мојот став е јасен – Треба прво ветинг на политичарите и нивните блиски, милијарди тежи капиталот на политичарите, да докажат како го стекнале

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле коментирајќи го предлогот на ДУИ за ветинг на политичките партии, вели дека неговиот став по ова прашање е јасен, а тоа е дека прво треба да се спроведе ветинг на политичарите и нивните блиски, бидејќи како што рече капиталот на политичарите тежи милијарди и треба да докажат како го стекнале. …

Continue Reading

Стано: Новата Влада на Црна Гора треба да го задржи курсот на целосна хармонизација со ЕУ

Европската унија очекува новата влада на Црна Гора да го задржи досегашниот курс на целосно усогласување со надворешната политика на Унијата, изјави портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано. – Црна Гора е една од земјите-кандидати со долг рекорд на 100 проценти усогласеност со надворешната политика на ЕУ, рече Стано. Тој додаде дека ЕУ тоа редовно го нагласува и цени …

Continue Reading