„Драги уметници“ премиерно во театар „Чекори“

Во театарот „Чекори“, вечер со почеток од 20 часот премиерно во Скопје ќе биде изведена претставата „Драги уметници“, во режија на Маја Ѓурчевска. Како што информираат од театарот, претставата која неодамна беше изведена на фестивалот ДАФ во Кочани, каде освои три награди, спаѓа во жанрот крими-комедија и е спој од две едночинки, експериментално поставени во една целина. Улогите ги толкуваат …

Continue Reading

Бунтот на конзервативците втор ден по ред го блокира работењето на американскиот Претставнички дом

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес втор ден по ред е парализиран додека спикерот Кевин Мекарти се обидува да го смири бунтот на поконзервативната струја од републикански конгресмени кои почнаа да ја доведуваат во прашање способноста на партијата да ја спроведе својата агенда во Вашингтон. Мекарти кажа дека е „изнененаден“ откако група конзервативци ги блокираа напорите на неговата партија да ги …

Continue Reading

„Поетроника“ во Македонски народен театар

Во Македонскиот народен театар вечер од 21 часот ќе се одржи „Поетроника“, музичко-сценски електронски акт изведен во живо од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе. – Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско поетско творештво опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, „Поетроника“ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот …

Continue Reading

Три македонски кинотечни филмови на 25. Фестивал „Нитрат“ во Белград

Кинотеката на Република Северна Македонија вечер во Белград, на 25. издание на Фестивалот на нитратен филм, ќе се претстави со посебна програма. Прикажани ќе бидат првите три македонски, крусометражни играни филмови снимени во 1957 година. Станува збор за 18-минутните филмови „Бунт на куклите“ според сценариото и снимателката работа на Љубе Петковски во режија на Димитрие Османли, „Сонце зад решетки“ според …

Continue Reading

Македонски павилјон на Прашкото квадрианале 2023

Единаесет уметници од земјава, под кураторство на претходните добитници на „Златната трига“, годинава ќе бидат македонски претставници на најголемиот светски настан за перформанс, дизајн и простор – Прашкото квадрианале 2023. Добитниците на главната награда „Златна трига“ на претходното издание на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор, Филип Јовановски и Ивана Васева, годинава се кураторски тим на изложбата „Градот како …

Continue Reading

„Звукот на новата генерација“ во Филхармонија

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Звукот на новата генерација“ со студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. На програмата се дела од Моцарт, Дитерсдорф, Лобос, Шостакович и Сен-Санс и Џејкоб. Диригент е маестро Сашо Татарчевски. Како солисти ќе настапат Кристина Љушкоска – флејта, Ивона Давидовска – контрабас, Андреј Ѓоршевски – гитара, …

Continue Reading

Изложба „Ад Астра вол.2“ на Валмир Азири во Националната галерија

Во Националната галерија во Скопје вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Ад Астра вол.2“ на Валмир Азири. – Во патувањето преземено од претпоследната изложба наречена Ad Astra (Кон Ѕвездите), ја продолжи својата потрага да го освои она што никогаш не може да се освои, небото, заедно со жителите кои остануваат да лебдат во нејзините простори, ѕвездите, месечината и …

Continue Reading

Азески: Извозот да стане врвен национален приоритет

Извозот да стане врвен национален приоритет, ќе порача денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во третото месечно обраќање што го организира оваа институција како дел од своите понови активности. Азески, кој е и претседател на Националниот совет за извоз, ќе зборува на темата „Извоз, Извоз, Извоз!”. Негови гости ќе бидат академик Гоце Петрески, професорот од Економски факултет – Штип …

Continue Reading

Самостојна изложба на ликовната уметница Марта Поп Антоска Башевска

Во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба на ликовната уметница Марта Поп Антоска Башевска. Ова е прва изложба на Glass Art во земјава на која што ќе бидат презентирани над 30 скулптури изработени од мурано стакло како и предмети од применета уметност и моден дизајн. Во текстот за каталогот историчарката на уметност Маја Чанкуловска …

Continue Reading