Кој има корист од уништувањето на важната брана во Украина?

Голема и важна брана во окупираниот дел на јужна Украина се урна, предизвикувајќи поплави низводно. Кој има корист од тој чин? Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната, потсетувајќи на минатогодишните нерешени експлозии на гасоводот Северен поток. Во двата случаи, сомнежите на Западот веднаш паднаа врз Русија. Но, двапати Москва одговори со: „Не сме ние. Зошто би …

Continue Reading

Со здрава исхрана, вежбање, помал стрес може да се намали ризикот од развој на тумор на мозок

Начинот на живот е важен сегмент во превенцијата на секоја болест. Здравиот избор кога станува збор за исхрана, вежбање, избегнување на канцерогени супстанции и намалување на стресот може ефикасно да го намалат ризикот од развој на тумор на мозок, изјави за МИА доктор Висар Мифтари, медицински директор на ЈЗУ УК Неврологија во Скопје, со кој разговаравме на оваа тема по …

Continue Reading

Состојба на патиштата

ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Во однос на „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), на ден 08.06.2023 година, ќе биде затворена за сообраќај Делницата Велес – Градско (излез на Градско кон Неготино) од 08:00 – 18:00 часот. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај …

Continue Reading

Османи на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија. Како што информира МНР, министерскиот состанок е во организација на државниот секретар на САД Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд. – Министрите од земјите членки на Глобалната …

Continue Reading

Затворена за сообраќај делницата Велес – Градско поради асфалтирање

Поради асфалтирање денеска од 8 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско, излез на Градско кон Неготино, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од …

Continue Reading

Зеленски „шокиран“ од неуспехот на ОН и Црвениот крст да помогнат по уништувањето на браната Каховка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „шокиран“ од неуспехот на Обединетите нации и Црвениот крст да помогнат по уништувањето на огромната брана Каховка, додека неговиот премиер повика на итна помош од меѓународните хуманитарни организации. „Иако катастрофата се случи пред неколку часа, тие не се тука“, изјави Зеленски за германските весници Билд и Ди Велт, како и за Политико. „Не …

Continue Reading

Девет мигранти загинаа во бродска несреќа во близина на Тунис

Туниската крајбрежна стража извлече тела на девет мигранти од Африка од Средоземното Море по бродска несреќа во водите недалеку од градот Монастир додека се обидувале да стигнат до италијанскиот брег. Портпаролот на судот во Монастир, Фарид Бен Џаха соопшти дека туниската крајбрежна стража успеала да спаси 29 од мигрантите. Тој потврди дека во тек е потрага по други бродоломци во …

Continue Reading

Британија ќе биде домаќин на првиот глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција

Велика Британија ќе биде домаќин на глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција подоцна оваа година, соопшти британската Влада, додавајќи дека премиерот Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден исто така ќе разговараат за тоа за време на денешниот состанок. На самитот ќе се разговара за ризиците што ги носи вештачката интелигенција, вклучително и граничните системи, и ќе се дискутира …

Continue Reading

Украина: Висок ризик од мини додека жителите бегаат од Херсон поради поплавите

Пробивањето на голема брана во јужна Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Како што јави Би-би-Си, Ерик Толефсен, шеф на Единицата за контаминација со оружје на МКЦК, предупреди дека мините исфрлени во поплавата предизвикаа голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку и за оние кои доаѓаат да …

Continue Reading