Италијанската крајбрежна стража за три дена спаси над 1.400 мигранти од преполните чамци во Средоземното Море

Повеќе од 1.400 мигранти се спасени од преполните бродови, вклучително и едрилица, во четири одделни операции во Средоземното Море крај јужна Италија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража. Во соопштението се наведува дека спасувањето започнало доцна во понеделникот навечер и завршило утринава во Јонското Море кај источниот брег на Калабрија, каде брод на крајбрежната стража прибрал околу 590 мигранти од рибарски …

Continue Reading

Мециновиќ: Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во Влада може да се стави крај на македонската демократија

„Несомнено е дека ги живееме најтемните дни за македонската демократија, и во бездната во која не води антидемократската и антиевропската СДСМ, а на тој караван одлучи да им се приклучи и ВМРО-ДПМНЕ“, оцени портпаролот на политичката партија Левица, Амар Мециновиќ. Тој по денешната лидерска средба помеѓу Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски одржа прес – конференција на која посочи дека само …

Continue Reading

Трошоците на живот во мај зголемени за 11,3 отсто

Трошоците на животот во мај 2023 година во однос на мај 2022 година се зголемени за 11,3 отсто, а цените на мало за 7,5 проценти. Во мај 2023 година, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на живот се зголемени за 0,4 отсто, а цените на мало се намалени за 0,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Намалување на трошоците …

Continue Reading

Блупринт група: Одлуката на членовите на Судскиот совет кои поднесоа оставка е во добра насока, се надеваме дека и другите ќе го следат овој чекор

Блупринт групата за реформи во правосудството смета дека одлуката на членовите на Судскиот совет на РСМ кои поднесоа оставка од нивната функција е во добра насока и соодветствува на претходната реакција на Блупринт групата и искрено се надеваме дека и другите членови ќе го следат овој чекор. -Како група, подолго време ја следиме работата на Судскиот совет на РСМ. Сметаме …

Continue Reading

Атлетик: Реал Мадрид ќе потпише со Белингем за 100 милиони евра

– Реал Мадрид постигна договор за трансфер на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, објави „ The Athletic“. Реал на германскиот клуб ќе му плати 100 милиони евра. Според изворот, останале само неколку детали за финализирање на зделката. Договорот на 19-годишниот англиски фудбалер за врска со Борусија е со важност до летото 2025 година. Во сезоната 2022/23, Белингем …

Continue Reading

Во Велес се реконструира улицата „Лазо Осмаков“ што води до Центарот за јавно здравје и ООУ „Блаже Конески“

Деновиве  интензивно се работи на улицата “Лазо Осмаков” каде во тек е поставување на ивичници. По завршувањето на земјените работи и потребните подготовки, оваа фреквентна улица ќе се асфалтира, информира градоначалникот Марко Колев. Оваа улица е многу значајна за Велес затоа што преку неа се оди до Центарот за јавно здравје и до ООУ „Блаже Конески“. -Продолжуваме со подобрување на …

Continue Reading

Коњановски: Битолско културно лето почнува на 23 јуни

Градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција во Општина Битола соопшти дека Битолското културно лето „БитФест“ ќе почне на 23 јуни со спектакуларен настан насловен „Вива Верди“ со повеќе од 130 учесници. Во античкиот локалитет Хераклеја ќе настапат симфониски оркестар, хор, оперски солисти Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и Зана Абази Рамадани кои ќе исполнат извадоци од …

Continue Reading

Промовирана „На врв на јазикот“ од академик Катица Ќулавкова

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје вчеравечер беше промовирана новата стихозбирка „На врв на јазикот“ на академик Катица Ќулавкова. Модераторката на настанот и уредничка на книгата Оливера Ќорвезироска истакна дека иако „На врв на јазикот“ е ново дело, заслужено се најде во едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Со …

Continue Reading

Намален бројот на живородени деца во земјава

Минатата година во земјава се родени вкупно 18 183 деца, од кои живородени 18 073, а мртвородени 110. Бројот на живородените деца во споредба со 2021 година е намален за 3,1 отсто. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51,2 отсто, односно на 100 живородени женски деца 104,8 се машки, соопшти Државниот завод …

Continue Reading