Столтенберг: НАТО треба да дискутира за безбедносни гаранции на Украина по војната

НАТО мора да дискутира за опции на Украина да ѝ се дадат безбедносни гаранции за периодот по војната со Русија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. – Кога војната ќе заврши, НАТО ќе мора да има подготвени опции за да се осигури дека Русија нема едноставно да ги прегрупира своите сили за некој нов напад, рече Столтенберг на …

Continue Reading

Меси во наредните часови ќе објави преселба во Интер Мајами, Ејпл ТВ и Адидас ќе му дадат на играчот дел од профитот

Компаниите Ејпл и Адидас се вклучени во трансферот на Лионел Меси во Интер Мајами. Претходно се дозна дека 35-годишниот фудбалер е блиску до преселба во клубот од американската МЛС. Според Фабрицио Романо, Меси оваа одлука ќе ја соопшти во наредните часови. Според „Атлетик“, повикувајќи се на повеќе извори блиски до разговорите, понудата што ја добил Меси вклучува исплати од двата …

Continue Reading

Бегај-Карис: Интеграцијата на Западен Балкан, гаранција за стабилноста во регионот

Естонскиот претседател Алар Карис и неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, со заеднички став дека „нтеграцијата на Западен Балкан претставува гаранција за стабилноста во регионот“. Претседателот Бегај на заедничката прес конференција рече дека денеска двете земји се поблиску од кога било една до друга и искажа блаподарност за поддршката на Естонија во процесот на интеграција на неговата земја во ЕУ. …

Continue Reading

ЕК ќе преземе чекори против Полска поради законот за испитување на руското влијание

Европската комисија денеска соопшти дека ќе ги преземе првите чекори против Полска поради законот за испитување на руското влијание, кој, според критичарите, може да доведе до забрана за дејствување на опозициските политичари. Комисијата соопшти дека утре ќе биде испратено официјално известување за ова до полските власти. Од друга страна, полскиот министер за ЕУ Шимон Шинковски рече дека целта на законот …

Continue Reading

Седница на Економско социјалниот совет

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска претседаваше со десеттата седница на Економско социјалниот совет. На седницата беа присутни вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заменик министерот за економија, Зоран Маневски, претставници на институциите, претставници на синдикатите и претставници на работодавачите. На состанокот од …

Continue Reading

Во Собранието почна расправата по измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието попладнево продолжи со работа по 41. седница, на која ја почна расправата по Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, предложен од пратениците Павле Трајанов, Моника, Зајкова, Димитар Апасиев, Маја Морачанин, Боби Мосјоски, Љупчо Балкоски, Панчо Минов и Борислав Крмов. Пратеникот на Демократски сојуз и предлагач на измените и дополнувањата на Изборниот закон, Павле Трајанов истакна дека …

Continue Reading

Бочварски: Постигнавме историски успех, го либерализиравме товарниот и патничкиот превоз со Република Србија

Од 1 август се укинуваат сите дозволи кои се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво, а кои се однесуваат за превоз на стока кој се врши за и од трети земји помеѓу Република Македонија и Република Србија. Ова подразбира целосна либерализација на транспортот на стока и се однесува за сите еколошки возила почнувајќи со стандард од ЕВРО 1, ЕВРО …

Continue Reading

Киев: 29 градови и села поплавени по нападот на браната Каховка

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко денеска соопшти дека нападот на браната Каховка довел до поплавување на 29 градови и села долж реката Дњепар. На апликацијата Телеграм, Клименко објави дека 10 од тие населби се на украинската страна на реката. Шефот на украинската воена администрација во Херсон, Олександр Прокудин, претходно објави дека Украина евакуирала околу 1.700 луѓе од поплавените …

Continue Reading

,,Мој општинар” Кавадарци работи на проект за пристапност на лица со попреченост до секој дел од градот

Службата „Мој општинар” во Кавадарци веќе работи на проектот за пристапност на лицата со попреченост до секој дел од градот, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Во прва фаза целта на проектот е да се спуштат тротоарите на сите локации каде што е неопходно. Да се дислоцираат бандерите што го попречуваат движењето. Да се изврши проширување …

Continue Reading