Градежни активности на главните велешки улици

Градежната механизација неделава активно работи на реконструкција на улицата „Архиепископ Михаил” во центарот на градот. По завршувањето на подготвителните работи се отпочна со асфалтирање на оваа улица која е една од најфреквентните во градот, информира градоначалникот Марко Колев. -Подобрување на улиците и сообраќајниците е една од приоритетите на Општина Велес. Воедно ќе работиме и на останатите главни и споредни улици …

Continue Reading

Зеленски: Русија активираше бомба за масовно уништување на животната средина

Русија ја контролира браната и целата хидроелектрана Каховка повеќе од една година. Физички е невозможно да се разнесе однадвор, со гранатирање. Руските окупатори ја минираа и ја разнесоа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање на самитот на Букурешката деветорка. Тој истакна дека Русија активирала бомба за масовно уништување на животната средина. – Ова е најголемата еколошка катастрофа предизвикана од …

Continue Reading

Најмалку три лица загинаа во земјотрес на Хаити

Умерено силен земјотрес утринава го погоди западниот дел на Хаити, при што според медиумите загинаа најмалку три лица, а неколку се повредени, додека островската држава се бори со последиците од поплавите во кои загинаа 42 лица за време на викендот. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од само …

Continue Reading

Минатата година над 22 илјади албански граѓани добиле италијанско државјанство

Минатата година над 22.000 албански граѓани добиле италијанско државјанство, со што се зголемува бројот на Албанците кои стануваат Италијанци, јави Ора њуз. -Албанците и понатаму, неколку години по ред се меѓу странските заедници со најголем број барања за добивање италијанско државјанство. Тие се на прво место на списокот на имигранти кои добиваат италијанско државјанство, што доведе до намалување на нивниот …

Continue Reading

Реакции на САД и Канада за уривањето на браната во јужна Украина

САД денеска соопштија дека се „многу загрижени“ поради експлозијата на браната на хидроелектраната Нова Каховка на југот на Украина. – Американската администрација се обидува да дознае повеќе за потенцијалните последици од овој катастрофален настан, изјави висок претставник на администрацијата на Бајден. Канадскиот премиер Џастин Трудо, во разговор со новинари во Отава, денеска изјави дека уништувањето на украинската брана е „уште …

Continue Reading

Левица: Владата ја субвенционира струјата од џебот на граѓаните додека ЕСМ остварува милионски профити

Додека Ковачевски се фали дека граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја ако не се субвенциите, или во превод нашите пари, Бесими порача дека поддршката во вид на субвенции за ублажување на ефектите од енергетската криза ќе продолжи и годинава. Според Ковачевски, 600.000 домаќинства и 70.000 компании, кои се на регулираниот пазар, се снабдуваат со субвенционирана струја. Во …

Continue Reading

Европски функционери го осудуваат уништувањето на браната Нова Каховка

Претставници на Европската унија денеска го осудија уништувањето на големата брана на хидроцентралата Нова Каховка на југот на Украина, обвинувајќи ја Москва и оценувајќи дека тоа е нов пример на руската „варварска агресија“. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозсеп Борел, изјави дека Русија со уништувањето на браната на хидроелектраната Каховка на југот на Украина, ја подигна …

Continue Reading

Маричиќ: Со јасна временска рамка за идно проширување на ЕУ до брзи реформски резултати дома

Моменталната геополитичка ситуација предизвикана од руската воена агресија врз Украина, отвори можност за забрзана интеграција во ЕУ на земјите од Западен Балкан, но не е целта како што вели тој „да го прескокнеме преговарачкиот процес“, туку конечно да се оствари ветеното од Порто Карас. Ова, како што соопшти СЕП, го истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан …

Continue Reading

Пратениците дискутираа за измени на Закон за земјоделски производи, за финансискиот план на Регулаторна комисија

Пратениците во Собранието на Република  Македонија денеска продолжија со работа и дискусија на 66 седница, на којашто имаа дискусија за измените на Законот за квалитетот на земјоделски производи. Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Здравко Трајанов истакна дека овој Закон се однесува за популарните маркички за брашно, кои веќе нема да постојат, со што какошто вели целосно се либерализира пазарот на овој …

Continue Reading