Пратениците дискутираа за измени на Закон за земјоделски производи, за финансискиот план на Регулаторна комисија

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратениците во Собранието на Република  Македонија денеска продолжија со работа и дискусија на 66 седница, на којашто имаа дискусија за измените на Законот за квалитетот на земјоделски производи.







Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Здравко Трајанов истакна дека овој Закон се однесува за популарните маркички за брашно, кои веќе нема да постојат, со што какошто вели целосно се либерализира пазарот на овој производ. Забележа дека мораме да бидеме свесни дека ова доаѓа по потпишување на договорот со ЦЕФТА, со којшто нашата земја се обврзува на слободен проток на стоки. Забележа дека нашата земја треба да има Правилник со којшто треба да си го заштите своето домашно производство, какошто имаат останатите земји, кои во време на криза покажаа и се свртија кон заштита на своето производство.

– Нема правилник со којшто ќе се заштити домашното производство, односно ќе се стави ред на увозот на квалитетно брашно и на квалитетни житни култури. Не гледаме дека Владата нема механизми за зголемување на производство, рече Трајанов.

Тој се осврна и на субвенционирањето на земјоделските производи, за што контра реплика имаше и од пратеникот Ненад Коциќ.

-Мислам дека се што прави ВМРО ДПМНЕ е ширење на лаги и деизнформации. Факт е дека со новата Програма за субвенционирање земјоделците веднаш добиваат 30 отсто од парите, кои треба да ги добијат како субвенции, а во времето на ВМРО се доцнеше, вели Коциќ.

Тој истакна дека СДСМ ја воведе зелената нафта за земјоделците, за зебележа дека опозицијата изнесува лаги и со анализите на земјоделски производи во кои поголемо количство на пестици, штетни материи.

Расправата по измените на овој Закон беше исцрпена, а пратениците дополнително за него ќе гласаат. Пратениците продолжија со работа и на точки од 91 седница, за Предлог Закон за ратификација за договорот меѓу меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија, Советот на министри на Република Босна и Херцеговина, Владата на Црна Гора, Србија и Словенија во врска со ангажманите на земјата домаќин за статусот на Балканските медицински сили и нејзиниот персонал, а се дискутираше и за 23 точката Предлог Финансики план за Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија за 2023. Пратеникот Здравко Трајанов истакна дека ова регулаторно тело не си ја заврши работата, односно целосно ја промаши законската обврска која ја има во проблематиката енергетика.

-Нјапрво не ја утврди реалната цена на струјата, врз база на реалните трошоци и врз база на таа цена Владата можеше да креира политика, вели Трајанов.

Забележа дека тоа овозможило директно вбризгување на средства од Владата во државните компании за производтсво и диструбуција на електрична енергија, со што се создаде хаос во системот, односно какошто вели тој никој нема претстава колку реални пари се повлечени, каде се потрошени и за која намена се потрошени.

Претседател  на Регулатарна комисија за енергетика и водни ресурси, Марко Бислимовски посочи  дека во дискусијата на пратеникот, Трајанов  биле кажани  еден куп лаги.

– Како прво Регулаторна комисија  не може да је определува цената на ЕСМ, од 2018 регулаторната комисија определува цени само за мрежни услуги, за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Тоа не е само во Македонија, туку тоа е насекаде во Европа. Значи производството на електрична енергија е пазарна дејност и самата компанија си определува цената на електричната енергија. Така да наведување дека регулаторната требало да определи цена на ЕСМ, па да кажала е тотално неточно и неповрзано и не базирано на факти, вели Бислимовски.

Забележа дека регулаторната комисија е меѓу најдобрите во региони, а за тоа даваат оценки и други тела надвор од државата.

-Во овој финансиски план ние за 13 отсто го намалуваме зафатот што ќе го земаме од компаниите, единствено зголемување на трошоците имаме во делот на набавка на електрична енергија, којашто е на слободен пазар и според оние податоци што ги гледаме сега на почеток на годината реално имаме далеку пониски цени и имаме зголемени трошоци таму каде што имало законски измени, вели Бислимовски.

Пратениците денеска дискутираа и за Извештајот за Државниот совет за превенција од детско претстапништво за 2021 година. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK