Повеќе од половина од големите езера во светот пресушуваат, открива студијата

Повеќе од половина од големите езера и акумулации во светот се намалени од раните 1990-ти, главно поради климатските промени, интензивирајќи ја загриженоста за водата за земјоделството, хидроенергијата и човечката потрошувачка, покажа студија објавена во четвртокот. Тим меѓународни истражувачи објавија дека некои од најважните светски извори на слатка вода – од Каспиското Море меѓу Европа и Азија до езерото Титикака во …

Continue Reading

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концертот „Фидан“ на кој ќе настапат пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева. На програмата се дела за две пијана и четирирачно пијано од Бах/Куртаг, Сен-Санс, Рахмањинов, Сен-Санс/Дебиси, Пјацола и Мијо. Како што најавија од Филхармонија, рециталот почнува со Кантата бр. 106 на Бах и продолжува со „Six Morceaux“ на Рахмањинов, збирка …

Continue Reading

Крената во воздух браната Какховка, во јужна Украина

Масивната брана Какховка, од времето на Советскиот Сојуз, што се наоѓа во јужна Украина а кој е под контрола на Русија, вчера беше крената во воздух, поплавувајќи ги околните области, јавија британските медиуми, повикувајќи се на извори од двете страни. Непотврдени видеа на социјалните мрежи покажуваат серија интензивни експлозии околу браната Какховка. Друго видео покажува како вода протекува низ остатоците …

Continue Reading

Промоција на стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе биде промовирана новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова, „На врв на јазикот“. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Наташа Аврамовска, а модератор уредничката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 40 песни, поделени во седум целини – Забранета љубов, …

Continue Reading

Почна одбројувањето на деновите пред одлуката „за“ или „против“ уставни измени

Предлог-иницијативата за устави измени е во Владата и ќе биде разгледана на некоја од наредните седници. Очекувањата се дека уставните измени би можеле да влезат во Собранието во средината на месецов кога и формално ќе почнат да течат роковите за уставни измени. Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре во Клубот на пратеници ќе имаат тет-а-тет средба …

Continue Reading

Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата …

Continue Reading

Шаќири на средба со претседателот на СОНК и претставници на Solidarity Center и Американската федерација на наставници

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе оствари средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков и со претставници на Solidarity Center, најголемата меѓународна организација за заштита и унапредување на работничките права со седиште во САД, како и претставници на Американската федерација на наставници. Средбата ќе се одржи во просториите на Министерството …

Continue Reading

Лајчак и Ескобар побараа од Курти конретни чекори за смирување на состојбата во северно Косово

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на САД и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар, побараа од косовскиот премиер Албин Курти да преземе конкретни чекори за смирување на состојбата во северно Косово, каде што повеќе од десет дена продолжуваат протестите на локалните Срби против …

Continue Reading

На денешен ден

1599.- Роден е шпанскиот сликар Диего Родригес де Силва и Веласкес, еден од најголемите во историјата на сликарството, дворски сликар на шпанскиот крал Фелипе Четврти. 1606.- Роден е францускиот писател Пјер Корнеј, творец на класичната француска трагедија. Дела: трагедија „Сид“, „Сина“, „Полиект“, „Родогин“, комедијата „Лажливец“. 1654.- Шведската кралица Кристина Аугуста која во 1644 година и ставила крај на војната со …

Continue Reading