Во битолскиот театар премиера на претставата „Брод за кукли“

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ е приказна за една или за сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија на неостварени бајки, вели режисерот …

Continue Reading

Радар на СВР Тетово откри пребрзо возење од 227 и 214 километри на час

Сообраќајните полицајци вчера на автопатот Тетово-Скопје меѓу 94 возачи кои ги казниле за пребрзо возење, откриле двајца кои се движеле со 214 и 227 километри на час. Акциската контрола за брзина со која се движат возилата, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје била спроведена од 15 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 94 пречекорувања на …

Continue Reading

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните …

Continue Reading

Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј ќе одржат заедничка литургија во Охрид

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од …

Continue Reading

Сириската опозиција повика на продолжување на разговорите со власта

Сириската опозиција денеска повика на продолжување на преговорите со властите на претседателот Башар ал Асад под покровителство на ОН, откако официјален Дамаск се врати под арапска заштита по долгогодишната изолација. „Меѓународниот и регионалниот контекст и ситуацијата во Сирија се погодни за продолжување на директните преговори во специфична програма и распоред“, се наведува во соопштението на Високиот комитет за преговори, во …

Continue Reading

Работилница за креативно пишување „Пиши – бриши“

Во организација на КСП Центар – Јадро денеска и утре во Скопје ќе се одржи дводневна работилница за креативно пишување на македонски јазик„ПИШИ-БРИШИ“ наменета за млади на возраст од 15 до 18 години. Целта на работилницата е учесниците да се впуштат во процесот на смислување, пишување и читање приказни, како и да го збогатат својот фонд на зборови и потечно …

Continue Reading

Отворениот кабинет на министерот Спасовски стартува во СВР Штип

„Отворен кабинет“ е новиот проект на Министерството за внатрешни работи, во рамки на утврдениот концепт „МВР за граѓаните“, кој ќе започне со реализација од денеска, од СВР Штип, а ќе биде со неделна динамика и ќе трае во наредните два месеца. Како што наведуваат од МВР, ако имате прашање за министерот, идеја која сметате дека ќе ја подобри безбедноста, предлог …

Continue Reading

Османи во Будва на министерски состанок на Процесот за соработка на Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Будва. Состанокот се случува на неполн месец пред формалното преземање на претседавањето од страна на Република Северна Македонија, на 1 јули. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, по пленарната сесија, заедно …

Continue Reading

ЕУ за тебе со конференција за промовирање на правата на детето на демократско учество и вклученост

По повод 25-годишнината од канцеларијата на Народниот правобранител во Република Северна Македонија, Делегацијата на ЕУ во соработка со партнерските организации Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за семејна и грижа за децата КМОП Скопје, како и Канцеларијата на Народниот правобранител денеска во Скопје на конференција ќе ја информираат јавноста …

Continue Reading