Макрон: Париз и Берлин повикаа на нови избори на северот на Косово со учество на Срби

–  Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Молдавија дека Париз и Берлин  апелирале денеска до Србија и Косово што е можно поскоро да организираат нови локални избори во четири општини со српско мнозинство на северот на Косово и дека на нив учествуваат српски претставници. По заедничките средби на Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц со претседателите на Србија и на Косово, …

Continue Reading

Павар сака да замине од Баерн

 – Германските медиуми пишуваат дека 27-годишниот француски фудбалски репрезентативец Бенџамин Павар нема намера да го продолжи договорот со Баерн и сака да го напушти шампионскиот тим од Минхен. Павар има договор со Баерн до крајот на идната сезона, но изминатиот период неговиот менаџер веќе остварил средба со донеодамнешниот спортски директор Хасан Салихамиџиќ, кого го известил за желбата на Французинот да замине …

Continue Reading

Ковачевски: Средбата со Мицкоски треба да се одржи наредните денови

– Лидерската средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и нивните тимови ќе се одржи во наредните денови. Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител вечерва ги повтори веќе најавените теми за разговор од негова страна. -Ќе повикам на лидерска средба и тоа темите ќе бидат како што ги кажав одлуките …

Continue Reading

Албанската опозиција бара појаснување од претседателот Бегај за наводната посета на шефицата на албанското разузнавање на Белград

Албанската опозиција побара од претседателот Бајрам Бегај појаснување за, како што наведува, десетдневната посета на Влора Хисени, директорка на албанската Агенција за разузнавање, ШИШ. Во име на демократите  членот на парламентарната комисија за национална безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Фљамур Нока, испратил официјално барање до претседателот  Бегај, во кое бара појаснување во врска со посетата на Хисени на …

Continue Reading

Европратениците одобрија зголемување на производството на муниција

Европратениците денеска го одобрија предлог-законот за зголемување на производството на муниција во Европската унија со цел да се вратат резервите и да се забрза испораката во Украина. Законот за „поддршка за производство на муниција“ беше усвоен со 446 гласа „за“, 67 против и 112 воздржани, на мини-пленарната седница во Брисел. На почетокот на мај, Европската комисија го претстави тој план, …

Continue Reading

Промовирана книгата „Велес за време на Балканските и Првата светска војна (1912-1918)

Во организација на  библиотеката „Гоце Делчев“и Народен музеј Велес денеска во Ликовниот салон во Велес беше промовирана  книгата „Велес за време на Балканските и Првата светска војна (1912 – 1918)“, од проф д-р Ѓорѓи Малковски во која на 330 страници се опишани случувањата во градот од тој период. Во книгата има 261 оригинални досега необјавени фотографии за Велес и велешани. …

Continue Reading

МЗШВ: Исплатени околу 290 милиони денари дополнителни субвенции за овоштарство кон 10.604 корисници

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата за дополнителни директни плаќања од подмерка 1.7 по обработлива земјоделска површина за одделни овошни видови. Исплатата е реализирана кон 10.604  корисници во висина од 286.673.118,00 денари, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства што имаат засадени површини со следниве овошни …

Continue Reading

Ковачевски: Проширувањето на ЕУ веќе се смета како заедничка потреба

Навистина во моментов постои отворена врата, како никогаш досега во овој геополитички момент постои волја и подготвеност од земјите членки на Европската унија за проширување бидејќи овој процес веќе не се смета како потреба на земјите кандидати, туку како заедничка потреба и цел и на земјите кандидати и на ЕУ бидејќи без Западен Балкан унијата не е комплетна во целост,  …

Continue Reading

Ковачевски останува на ставот дека изборите треба да се одржат во редовниот термин

Изборите во државата се дефинираат согласно закон и Устав. Претседателските избори се во втората половина на март, парламентарните избори се во втората половина на јуни. Ние постојано зборуваме за владеење на право, за почитување на закони, за владеење на демократија. Владеење на демократија и почитување на закони е одржување на избори тогаш кога им е време како што прават практично …

Continue Reading