Дебата „Локални иницијативи за глобални чекори“

Европското движење (ЕММК) денеска во Скопје ја продолжува традицијата на организирање дебати од циклусот на настани „Кафе Европа“ со кафе-дебатата на тема „Локални иницијативи за глобални чекори“. На дебатата, како што информираат од ЕММК, ќе учествуваат министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, амбасадорот на Словачка во државава Хенрик Маркуш, …

Continue Reading

МААЕ претстави пет принципи за да се спречи нуклеарна несреќа во Украина

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска ги повика Русија и Украина пред Советот за безбедност на ОН да поддржат пет „конкретни принципи“ за да се обезбеди безбедноста на украинската електрана во Запорожје и да се избегне нуклеарна несреќа. – Имаме среќа што сè уште не се случила нуклеарна несреќа, рече шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, потсетувајќи дека …

Continue Reading

Промоција на романот „Излегувањето од сенка“ од Дијана Петрова

Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде промовиран романот „Излегувањето од сенка“ од Дијана Петрова. Промотор на романот ќе биде Иван Антоновски, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Романот „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“ е интригантно четиво за некои од пресвртните моменти на македонскиот 19 век. Во приказната фактите и фикцијата се …

Continue Reading

Штрајк на затворските службеници во Романија

По вработените во образованието, железницата и здравството, денеска штрајкуваат и околу 5.000 службеници во затворите во Романија. Тие најмалку четири часа ќе одбиваат дополнителна работа и со тоа ќе ги замрзнат посетите, програмата за пешачење и појавувањето на притворените пред суд, се вели во соопштението на Националниот синдикат на затворски службеници. Незадоволните додаваат дека од јуни блокирањето на активностите повеќе …

Continue Reading

Конференција: „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“

Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. заедно со иницијативата ПЕРИОД.Скопје денеска ја организираат конференција „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“. Како што информираат од Здружението Тиииит! Инк., целта на оваа конференција е да поттикне промени во јавните политики кои би довеле до системски решенија и создавање на функционални механизми и мерки во врска со менструирањето како дел …

Continue Reading

Промовирање на Препораката на Комитетот на министри за борба против говорот на омраза во Скопје

ЕУ и Советот на Европа, во рамки на заедничкиот проект „Борба против омразата и нетолеранцијата“, денеска организираат конференција „Општество без омраза; заедничка заложба и заедничка цел“ на која ќе ја претстават и промовираат Препораката на Комитетот на министри на Советот на Европа за борба против говорот на омраза. Конференцијата ќе се одржи во хотел „Хилтон“ – Скопје, со почеток од …

Continue Reading

Решена мистеријата за флуоресцентната зелена вода во Венеција

Локалните власти ја објавија причината за промената на бојата на водата во Големиот канал во Венеција. Како што објави „Гардијан“, локалните власти соопштија дека промената се должи на флуоресцеинот, нетоксична супстанца што се користи за тестирање на канализациските мрежи. Мештаните забележале дека водата во каналот позеленила во неделата, поради што полицијата ги истражувала причините, а се шпекулирало дека тоа може …

Continue Reading

Три совети од експерти за фенг шуи: Како да привлечете пари и изобилство во вашиот живот?

Ако сакате енергијата на парите да тече низ вашиот дом и  никогаш да немате проблеми со неа, тогаш треба да ги направите следните работи, тврдат експертите за фенг шуи. Користете светли бои во „деловните“ простории од станот Каде што седите, каде работите во станот/куќата, обојте ги тие ѕидови зелена или виолетова, или поедноставно, ставете некој поголем предмет во таа боја. …

Continue Reading

Два едноставни совети за борба против желбите за шеќер

Желбата за слатко е реална. Но, причините овде не се само психолошки, туку и доста физички. Колку повеќе шеќер јадете, толку повеќе шеќер сака вашето тело – така што станува циклус кој не завршува. Но, постојат два едноставни трикови со кои можете да се ослободите од желбата за шеќер. Првиот се однесува на мирисите. Студијата во која научниците тестирале различни …

Continue Reading