Русија издаде потерници по двајца од највисоките украински команданти

Руското Министерство за внатрешни работи издало потерници по двајца од највисоките воени команданти на Украина, врховниот командант на украинските сили Валериј Залужни и генерал-полковник на копнените сили Олександр Сирски, јавија руски медиуми. Не е наведено поради што се издадени потерниците, кои украинската страна ги оцени како уште еден обид за деморализирање на своите сили. – Вршењето психолошки притисок врз команданти …

Continue Reading

Зеленски: Соработуваме со британска компанија за изградба на база за производство на оружје

Украина соработува со големата британска одбранбена компанија BAE Systems за создавање украинска база за производство и поправка на оружје – од тенкови до артилерија, изјави претседателот Володимир Зеленски. Зеленски го објави ова по разговорите со високи функционери на компанијата, вклучително и извршниот директор Чарлс Вудбурн. „Ова навистина е огромен производител на оружје, оружје што ни треба сега и ќе продолжи …

Continue Reading

Дамчевска го објави списокот со повикани ракометарки за ЕП 2023

Селекторот на македонската женска репрезентација за ракометарки до 19 години, Јулијана Дамчевска го објави списокот на повикани за настап на претстојното Европско првенство во Романијa кое ќе се оддржи во период од 6 до 16 јули. На списокот на Дамчевска се наоѓаат: Голмани: Марија Јовановска, Матеа Чурлиноска, Анастасија Тодоров и Ема Кирова. Крила: Кристина Наумовска, Јана Равојска, Емилијана Ризоска, Бојана …

Continue Reading

Ансамблот Танец вечерва гостува во Тетово

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе одржи целовечерен концерт вечерва во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово од 20 часот. Концерот е дел од долгогодишниот проект „Танец низ татковината“ што претставува циклус концерти во центрите за културата низ државата. – На концертот во Тетово ќе биде изведена програма во која зад најголемиот дел од нумерите …

Continue Reading

Една жртва при уривање на трибина на училишен стадион во Ростов на Дон

Една жена загина, а 26 лица, меѓу кои 15 деца, се повредени кога вчера се урна трибина за гледачи на стадион на територијата на спортско училиште во рускиот град Ростов на Дон. Инцидентот се случил за време на детски фудбалски турнир соопшти гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев. Според шефот на градската администрација, Алексеј Логвиненко, причина за несреќата бил силен …

Continue Reading

Тројца кандидати за претседателската функција на Летонија

Пратениците на еднодомниот парламент (Сејм) на Летонија денеска ќе гласаат за нов претседател. Актуелниот шеф на државата Егилс Левитс не се кандидира за втор мандат и ќе ја извршува функцијата до 8 јули, јави ДПА. За највисоката државна функција во републиката има тројца кандидати. Во конкуренција за функцијата се 42-годишната Елина Пинто, експерт за јавна администрација и активистка на летонската …

Continue Reading

Промоција на Речник на медиумска писменост

Институтот за комуникациски студии денеска ќе промовира Речник на медиумската писменост кој, како што соопшти, е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се појавија во дигиталната ера и новите начини на комуникација, со развојот на медиумите и со појавата на нови алатки и активности во онлајн-сферата. -Целта за неговото создавање е да се користи како унифицирана јазична основа …

Continue Reading

Седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 21. седница на чиј дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и предлог за одлучување по еден предмет. Уставните судии ќе ја разгледуваат иницијативата на адвокат Александра Илиева Милчова со која се оспорува член 99 став 5 од Законот за судовите во делот „правосилни”. Според подносителката на иницијативата недозволиво е да бидат …

Continue Reading

Гвардиола избран за тренер на сезоната во Премиер лигата

Прес-службата на Премиер лигата објави дека Пеп Гвардиола од Манчестер сити, е прогласен за тренер на сезоната. Под водство на шпанскиот стручњак, тимот од Манчестер предвреме стана шампион. Сити во 38 кола освои 89 бода и со пет повеќе се најде на врвот пред најблискиот конкурент, Арсенал. Гвардиола по четврти пат е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Англија. …

Continue Reading