Борел бара итно продолжување на Дијалогот Белград – Приштина

Властите во Приштина мора да ги запрат акциите на специјалната полиција околу општинските згради во северниот дел на Косово, а насилните протести да престанат, изјави денеска во Брисел високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. – ЕУ силно го осудува насилството на северот на Косово што го видовме изминатите денови. Насилните дејствија против граѓаните, медиумите, органите …

Continue Reading

Во кумановската болница почина мигрант кој претходно бил прободен со остар предмет

Во кумановската болница утрово почина мигрант откако претходно бил повреден со остар предмет. Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, лицето утрово било пронајдено во атарот на кумновското село Речица со повреди од остар предмет. Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07:45 часот починало. – Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки …

Continue Reading

Ливерпул назначи Германец за спортски директор

Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул го назначи денеска 59-годишниот Германец Јорг Шмадтке за нов спортски директор. Шматдке, кој официјално ќе стапи на должноста на 1 јуни, потпиша краткорочен договор со Ливерпул со можност за продолжување на соработката. Новиот спортски директор на Ливерпул доаѓа на местото на Џулијан Ворд кој повеќе од една деценија извршуваше разни функции во англискиот гигант. „На Џулијан …

Continue Reading

Евростат: Во ЕУ жените се пообразовани од мажите

Во земјите-членки на Европска Унија во 2022 година 42 отсто од младите на возраст од 25 до 34 години имале високо образование, објави денеска Евростат. Овој удел е за еден процент поголем од 2021 година, но сепак е под зацртаната цел на ЕУ, која сака 45 отсто од младите на таа возрасна категорија да бидат високообразовани до 2030 година. Според …

Continue Reading

Директорот на БЈБ Тасевски на конференцијата „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ што се одржува во Италија

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски денеска учествуваше на завршната конференција на ИПА 2019 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ во Италија на која што, во организација на ЕУ, италијанското МВР и Германската агенција за меѓународна соработка, учествуваа шефовите на полициите на земјите од Западен Балкан. – Општо прифатен факт е дека прекуграничниот криминал …

Continue Reading

Македонските одбојкарки посакуваат победа против Летонија

Македонската женска одбојкарска репрезентација со оптимизам го очекува вториот натпревар во Европската сребрена лига против Летонија, в среда во Скопје. Дуелот против Летонките доаѓа по саботната пресметка против Австрија (0-3) во Скопје, што за македонските одбојкарки беше прв натпревар на меѓународната сцена по долга пауза. – После долги години женската одбојка се врати на европската сцена преку Европската лига. Првиот …

Continue Reading

Ховенир: Косово не се координираше со САД, поради тоа – нема учество на Косово во воена вежба „Дефендер“

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховенир денеска на средба со повеќе новинари во Приштина изјави дека откажувањето на учеството на Косово на воените вежби „Дефендер Европа 2023“ е првата последица за Владата на Косово бидејќи ги отфрлила повиците на Вашингтон да не ескалира ситуацијата на северот на Косово, пренесе Бета. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 26 мај предупредил дека …

Continue Reading

Советниците на Скопје бараа одговор за финансиската состојба на Градот, Арсовска категорична дека сметките не се блокирани

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната триесетта седница на градскиот Совет истакна дека во последните 18 месеци финансиската состојба на Градот е добро консолидирана, нагласувајќи дека сметките не Градот не се блокирани, додека советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ од друга страна ја обвинуваа за финансиска нетранспарентност и бараа одговори за многу прашања поврзани со финансиската состојба на …

Continue Reading

Средба на Џафери со новиот кувајтски aмбасадор Ал-Фадли

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска остварил средба со новоименуваниот амбасадор на Кувајт за  Македонија, Гази Хамад Ал-Фадли, на кој му посака добредојде и успешен мандат. Џафери ја искористи приликата за воедно да се заблагодари за успешната соработка со досегашниот амбасадор, Јакуб Ал-Атики. Како што информираат од собраниската прес-служба, Џафери истакна дека негова цел е отворање на резидентни амбасади во …

Continue Reading