Делегација на Уставниот суд во студиска посета на Хрватска

Петчлена делегација на Уставниот суд на Република  Македонија беше дел од студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање и размена на најдобрите искуства од уставно-судската пракса на хрватскиот Уставен суд. Во текот на посетата се организираше работилница со фокус на запознавање со хрватскиот модел на уставна жалба, од основни информации поврзани со правната рамка, до имплементација и практични аспекти …

Continue Reading

Фредериксен: Данска планира дополнители 2,6 милијарди долари воена помош за Украина

Данска планира да ја зголеми воената помош за Украина и истата за оваа и следната година ќе изнесува 17,9 милијарди круни (2,59 милијарди долари), изјави данската премиерка Мете Фредериксен. Фредериксен, кој се смета за можен кандидат за нов шеф на НАТО, наведе дека данската Владата планира да додаде уште 7,5 милијарди круни во фондот оваа година и 10,4 милијарди круни …

Continue Reading

Избор за највело општина во Скопје и околината

Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, ја воведува наградата „Највело општина во Скопскиот плански регион“ за 2023 година. – Позитивните страни на користењето велосипед се бројни и веќе докажани. Една од нив е дека со возење велосипед, емисиите на стакленички гасови се намалуваат за дури 91% во …

Continue Reading

Резултати и препораки од Трошковната анализа на цената на менструални производи за потребата на средношколките на територија на град Скопје

Организацијата Балканска Водна Мрежа со задоволство го споделува со јавноста извештајот од Трошковната анализа на цената на менструални производи за потребата на средношколките на територија на град Скопје. Оваа анализа се спроведе во рамки на иницијативата „Борбата против менструалната сиромаштија – неостварено изборно ветување, спроведувана од Балканска Водна Мрежа во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на …

Continue Reading

Се одржа завршниот настан на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” во Неготино

Општина Неготино денеска беше домаќин на завршниот настан од проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина”, кој е финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички во Интеррег ИПА програмата, за прекугранична соработка. Од име на локалната самоуправа, присутните ги поздрави Марија Нацева, секретар на општината. Таа искажа јавна благодарност за одличната …

Continue Reading

Српско Министерсто за образование: Инспекцијата предложи разрешување на директорката на училиштето „Владислав Рибникар“ каде на почетокот на мај ученик уби девет ученици и чувар

Српската просветна инспекција предложи да се разреши директорката на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Снежана Кнежевиќ и управниот орган на таа институција каде на почетокот на мај ученик уби девет ученици и чувар. Инспекцијата предложила да се именува привремен орган на управување и да се именува в.д директор, соопшти денеска Министерството за образование на Србија. Во извештајот дополнително се наредува …

Continue Reading

Гостување на Театар Плевен во Куманово

Во Центар за култура Трајко Прокпиев Куманово во среда на 31 мај гостува Куклено Драматичниот театар – Иван Радоев од град Плевен, Република Бугарија. Тие пред кумановската публика ќе ја одиграат својата театарска претстава – дуо драма ,,Еден маж и една жена“. За време на гостувањето во Куманово, директорот, Сашо Тодоровски заедно со директорот на театарот од Плевен, Димитар Кабаков …

Continue Reading

Пендаровски: Ставот на опозицијата за уставните измени е основа за загриженост на стратешките партнери

Ставот на опозицијата за уставните измени значи дека ние сами себе ќе се блокираме на 1 декември за евроинтеграциите, а тоа е причина за загриженост кај нашиот стратешки партнер САД, вели претседателот Стево Пендаровски. На денешната прес – конференција во Вила Водно на новинарско прашање дали на средбата минатата недела со сенаторот Крис Марфи, му било кажано дека НАТО ќе …

Continue Reading

За една година странските инвеститори од Русија повлекле околу 36 милијарди долари

Странски инвеститори преку продажба на имот од Русија повлекле околу 36 милијарди долари во периодот од март 2022 до март оваа година, соопшти руската Централна банка. Од март 2022 година до март 2023 година биле извршени околу 200 продажни трансакции, а само во една петтина од нив бил продаден имот во вредност од над 100 милиони долари, истакна Централната банка. …

Continue Reading