Шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ Османи во посета на Косово

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи денеска ќе престојува во Косово каде што ќе има средби со претседателката Вјоса Османи Садриу, со премиерот Албин Курти, како и со вицепремиерката и министерка за надворешни работи Доника Гервала Шварц. Како што соопшти МНР, на средбите Османи ќе се осврне на поддршката од страна на ОБСЕ …

Continue Reading

Без вода дел од Чаир

Поради дефект на водоводна цевка Ф 125, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на улица „Отокар Кершовани“ во Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Continue Reading

Непознат маж му пријде и го зграби Шолц, голем пропуст на обезбедувањето – според германските медиуми

Непознат 48-годишен маж, за кој само се наведува дека има грчко презиме, се приклучил на конвојот возила во кој бил германскиот канцелар Олаф Шолц во приватен автомобил, а кога конвојот пристигнал на пистата на аеродромот во Франкфурт, успеал да стигне до канцеларот, да го зграпчи и да го прегрне. Како што јавува „Билд“, инцидентот се случил во средата околу 23:00 …

Continue Reading

„Чајна истерн ерлајнс“ со својот прв комерцијален лет со кинески авион „Ц-919“

„Чајна истерн ерлајнс“ (China Eastern Airlines), првиот купувач на кинескиот домашен млазен авион со потесен труп „Ц-919,“ ќе го пушти првиот комерцијален лет на леталото в недела, соопшти авиокомпанијата. Авионот беше произведен од страна на Комерцијалната авијација на Кина. Летот со број „МУ-9191“, како што е предвидено, ќе трае 2,5 часа, од Меѓународниот аеродром во Шангај „Хонгкијао“ до слетувањето на …

Continue Reading

Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Миконос откако се преврти чамец со мигранти

Две лица се спасени, откако се превртил чамец со мигранти во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Миконос, а според портпаролот на грчката крајбрежна служба на Грција Никос Кокалос, спасените изјавиле дека со нив се пренесувале уште шест лица, јави дописничката на МИА од Атина. Кокалос за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека од 6.30 часот утрово во тек е …

Continue Reading

Компанијата „Неуралинк“ на Илон Маск доби одобрение од ФДА за истражување на мозочни импланти

Компанијата за импланти на мозокот на Илон Маск, „Неуралинк“ (Neuralink), вчера соопшти дека добила зелено светло од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) да го отпочне своето прво клиничко испитување врз луѓе. Маск од 2019 година повеќе пати предвидуваше дека неговата компанија за медицински помагала ќе почне со испитувања на мозочните импланти врз лица за лекување на тешки состојби, …

Continue Reading

Стравот на Вучиќ од протестите на граѓаните кои не ги води опозицијата

Критичарите на српскиот претседател велат дека се изгледа дека историјата ќе се повтори – додека Александар Вучиќ го најавува „најголемиот митинг во историјата на Србија“, повикувајќи ги илјадниците приврзаници на неговата Српска напредна партија (СНС) да се соберат во центарот на Белград на петок, на интернет кружи снимка од 5 октомври 2000 година. Тогаш илјадници српски граѓани го принудија Слободан …

Continue Reading

Перуанскиот Парламент го прогласи мексиканскиот претседател Обрадор за персона нон грата

Перуанскиот парламент вчера го прогласи мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор за персона нон грата. Причината за тоа се вербалните напади на мексиканскиот лидер кон перуанската претседателка Дина Болуарте. Лопез Обрадор ја нарекува Болуарте „узурпатор“ и на почетокот на овој месец одби да ѝ го предаде претседателството со латиноамериканскиот трговски блок Тихоокеанска алијанса, откако го доведе во прашање нејзиниот легитимитет …

Continue Reading

Дебата за преводот во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска со почетокот во 17 часот, ќе се одржи дебата за преводот во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“. На дебатата ќе учествуваат двајца писатели и нивните преведувачи: бугарската писателка Елена Алексиева и нејзината преведувачка на македонски јазик, Катица Гаровска, и македонскиот писател Петар Андоновски и неговиот преведувач на словенечки јазик, Сашо Пуљаревиќ, …

Continue Reading