Османи – Гервала Шварц: Дијалогот предводен од ЕУ придонесува за регионалната стабилност

Билатералните перспективи, улогата на Мисијата на ОБСЕ во Косово и дијалогот предводен од ЕУ, беа централните теми на кои разговараа претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни на Северна Македонија Бујар Османи и шефица на косовската дипломатија Доника Гервала-Шварц за време на нивната денешна средба во Приштина, информираат од МНР. Османи истакна дека Северна Македонија и Косово имаат одлични билатерални …

Continue Reading

„Гугл“ ја отстрани новата видеоигра каде што „се купуваат и продаваат“ робови црнци

Видеоиграта „Slavery Simulator“, каде што играчите можат „да купуваат и продаваат“ поробени црнци, е отстранета од виртуелната продавница на „Гугл“, по бранот критики од бразилските корисници на социјалните мрежи, пренесува Си-ен-ен. Апликацијата, развиена од „Магнус гејмс“ (Magnus Games), е поставена на „Гугл плеј-стор“ на 20 април и била преземена повеќе од илјада пати пред да биде отстранета завчера. Инаку, бразилското …

Continue Reading

У18: Македонските фудбалери поразени на гостувањето во Србија

Македонската машка фудбалска репрезентација до 18 години загуби со убедливи 0:3 на пријателскиот натпревар на гостински терен против Србија. Победникот на вчерашниот натпревар во Стара Пазова беше одлучен веќе по првото полувреме во кое српската репрезентација ги постигна сите три голови. Бубањ во 27. минута ја донесе Србија во предност, која пет минути подоцна ја удвои Милошевиќ, а Бубањ во …

Continue Reading

Волстрит журнал: СЕК исплати рекордни 279 милиони долари награда на поткажувач за случајот со поткупите на компанијата „Ериксон“

Рекордни 297 милиони долари награда на Комисијата за хартии од вредност и тргувања на берзи (СЕК) биле дадени на поткажувач а поврзано со случајот на странски коруптивни практики против телекомуникациската компанија „Ерискон“, јави денеска Волстрит журнал. СЕК на 5 мај објави дека е доделена рекордна сума пари во висина од 297 милиони долари на извор кој помогнал да се открие …

Continue Reading

„Фламинго“ потпетиците на „Москино“ многу брзо и речиси целосно распродадени

„Фламинго“ потпетиците од италијанскиот моден бренд „Москино“ (Moschino) се распродадоа речиси целосно, кусо време откако се појавија на пазарот. Цената на чифт од овие необични салонки е 835 евра, а судејќи според нивната официјална интернет-продавница, тие сè уште се достапни само во малку броеви. Инаку, креативниот директор на овој бренд, Џереми Скот за овогодишната колекција пролет-лето се инспирираше од необичен …

Continue Reading

Русија распоредува тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, Стејт департментот со осуда

Русија продолжи со планот за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко рече дека боевите глави веќе се во движење, што е прво распоредување на такви бомби од страна на Кремљ надвор од Русија по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Американскиот Стејт департмент го осуди планот за распоредување, но рече дека Вашингтон нема намера да …

Continue Reading

Општина Делчево најтранспарентна во Источно-планскиот регион

Општина Делчево е една од двете најтранспарентни општини во Источно-планскиот регион. Со вкупно 56 бодови или 93,30 процентни поени за проактивна транспарентност како што информираа од Општината бележи пораст за 4 места во споредба со мониторингот од 2021 година. -Од мониторирани 89 институции, општини и центрите за развој на планските региони, Општина Делчево го дели третото место заедно со општините …

Continue Reading

Промоција на романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски

Во рамките на неделата на македонските автори, вечер во 19 часот, „Матица македонска“ од Скопје ќе го промовира романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски. Со јазик прифатлив за широк круг на читатели, авторот пишува за новото време проткаено со чипови, замоци и скриени знаења, кои ја ткаат авантурата што претстои низ Бислим, Кокино и Кожуф, …

Continue Reading

Два нови проекти во Крива Паланка вредни 9.7. милиони денари

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски утрово потпиша два нови договора за реализација на проекти од областа на заштита на животна средина, регулација на води и искористување обновливи извори на енергија,со вкупна вредност од околу 9.700.000 денари. Со проектите ќе се изврши регулација на дел од Домачки дол и поставување фотоволтаични панели на пет јавни институции во Општина Крива …

Continue Reading