Санкционирани 177 возачи во Скопје, 38 за брзо возење

– Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно престигнување и престројување. Од МВР информираат дека се изречени и четири мерки за возење под дејство на алкохол, девет санкции за минување на затворен сигнал …

Continue Reading

Нема прекин на огнот во Судан, судирите продолжуваат, раселени над милион луѓе

– Суданската престолнина Картум и соседниот град Бахри во изминатото деноноќие повторно беа под воздушни напади. Нападите биле насочени кон области во источен Картум, Бахри и Шарг ел Нил. Судирите меѓу армијата и паравоените сили влегоа во петтата недела, продлабочувајќи ја хуманитарната криза која расели повеќе од милион луѓе. Масовните грабежи од вооружени лица и цивили уште повеќе им го …

Continue Reading

Тетовски театар со две репризи на претставата „Бог на масакрот“

 – Тетовски театар ќе изведе две репризи на претставата „Бог на масакрот“ која беше премиерно изведена на 28 април. Првата реприза е вечерва, сабота 20 мај од 20 часот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, додека втората е во петок на 26 мај во истиот термин. Режисер на претставата е Милош Андоновски додека ликовите ги толкуваат актерите Ѓорѓи …

Continue Reading

ОЈО Скопје: Раководител во АД Водостопанство осомничен за примање поткуп

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „примање поткуп“. -Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје, во периодот …

Continue Reading

Дел од учесниците на протестот „Србија против насилството“ останаа цела ноќ на блокада на автопатот во Белград

– Дел од протестаните од вчерашниот трет по ред протест во Белград „Србија против насилството“ останаа ноќеска да го блокираат дел од меѓународниот автопат на Нов Белград, кај Сава центар, јави дописникот на МИА од Белград. Проевропската опозиција вчера по трет пат одржа масовен протест со учество на повеќе десетици илјади граѓани по повод масовните убиства во Србија, со слоганот „Србија …

Continue Reading

Предавање на Мaргрет Гребович на КРИК – фестивал за критичка култура

– На годинешново осмо издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, кој е тематски насловен „Заробени во слободата“, гостува Мaргрет Гребович која вечер во 20 часот во просториите на КСП Центар Јадро, ќе одржи предавање проследено со дискусија на тема „Изумот на збогатувањето: кучиња, луѓе, храна и работа“. Фокусот на професорката Гребович е континенталнaта филозофија. …

Continue Reading

Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ …

Continue Reading

Преговорите за подигнување на лимитот на американскиот долг ставени „на пауза“

– Преговорите за подигнување на горната граница на американскиот долг привремено се прекинати поради несогласувањата меѓу републиканците во Претставничкиот дом и админситрацијата на претседателот Џо Бајден. Претставникот на републиканците во преговорите Герет Грејвс изјави дека е време „да се направи пауза“ бидејќи последниот преоговарачки состанок не би продуктивен. Грејвс оцени дека прегворите станале „неразумни“ и оти е нејасно кога ќе …

Continue Reading

Во турските дипломатски претставништва и на граничните пунктови се гласа за вториот круг од претседателските избори во Турција

– Во турските дипломатски претставништва во 73 земји и на 46 гранични пуктови денеска се гласа за вториот круг од претседателските избори во Турција, што ќе се одржи на 28 мај, јавуваат турските медиуми. Избирачките места се отворени и на аеродромот во Истанбул и на граничните пунктови за гласачите кои живеат во странство да можат да го дадат својот глас во …

Continue Reading