Јаков Милатовиќ, најпопуларен политичар во Црна Гора

Новоизбраниот претседател на Црна Гора и заменик претседател на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ е најпопуларниот политичар во Црна Гора со просечна оценка од 2,78. Минималната оценка што може да се даде е еден, а максималната е пет. Ова го покажуваат резултатите од првото годишно истражување на политичкото јавно мислење во Црна Гора на Центарот за демократија и човекови …

Continue Reading

Кривична пријава против скопјанец за сторена „измама“

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по чл.247 од Кривичниот законик. Како што информираат од МВР, пријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда лице од Скопје дека за паричен надомест од 30.000 евра пред надлежните органи ќе му …

Continue Reading

Саливан: Бајден нема да се извини во име на САД за фрлањето на атомската бомба врз Хирошима

Американскиот претседател Џозеф Бајден не планира да се извини во име на САД за употребата на атомската бомба во нападот на Хирошима во 1945 година, изјави неговиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан. Изјавата Саливан ја дал во авионот на пат за Јапонија, каде американскиот претседател ќе присуствува на Самитот на Групата седум најразвиени земји (Г7) во Хирошима. Саливан посочи …

Continue Reading

Сите институции ќе бидат на располагање за што побрзо пуштање во функција на мостот „Беласица“, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека сите институции што треба да се вклучат, ќе бидат на располагање за што побрзо пуштање во функција на мостот „Беласица“ кој е затворен поради пожарот што настана пред шест дена. -Според она што го имам како информација прво мора да се направи детална статичка проверка на мостот што е процес којшто мора да го …

Continue Reading

Реакција на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски

ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска се единствените виновници за хаосот што му се случува на Скопје. ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска немаат капацитет ниту да менаџираат еден мост, а не пак цел град кој заедно го втурнаа во финансиска пропаст. Штитејќи ја Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ која го има мнозинството во Советот на Град Скопје и во управните одбори на јавните претпријатија не дозволи да …

Continue Reading

„Националната драма, националниот театар“ тема на симпозиум во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

Не постои национален театар, без национална драма ова е еден од заклучоците на денешниот симпозиум на тема „Националната драма и националниот театар“ во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. На симпозиумот учесници беа Мишел Павловски, Тодор Кузманов, Катерина Петровска Кузманова, Кристина Николовска и Христо Петрески. Уметничкиот директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Трајче Кацаров вели дека ова е втор ваков …

Continue Reading

Група апсолвенти „паднале“ на последниот испит поради недоразбирање околу вештачката интелигенција

Професор на Универзитетот Еј енд Ем во Тексас (САД) не им дозволил на половина од студентите во апсолвентската група да положат, откако „Чет-ГПТ“ „утврдил“ дека вештачката интелигенција ги напишала нивните трудови. Тоа пак, според наводите, не е можно, и обвинувањата не се точни. Во еден од безбројните примери на злоупотребата на чет-ботови и непознавање на нивните способности, проф. д-р Џеред …

Continue Reading

Скерцос: На Грција ѝ е потребна стабилна, еднопартиска, кохерентна Влада

На земјата ѝ е потребна стабилна, еднопартиска, кохерентна Влада, а не коалиции кои нема да опстанат, порача портпаролот на грчката Влада Акис Скероцос на денешниот брифинг со новинарите, одржан во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Скерцос посочи дека нивната позиција е дека за да може земјата да се справи со многу и тешки надворешни кризи потребна е стабилна …

Continue Reading

Ковачевски: Откако работната група ќе ги состави амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

Откако работната група за уставни измени ќе ги состави амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав, му порача премиерот Димитар Ковачевски на неговиот бугарски колега Румен Радев кој изјави дека „Владата на Република Северна Македонија може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев …

Continue Reading