Библиотеката „Искра“ од Кочани беше домаќин на државниот натпревар „Млади библиотекари“

Во организација на Библиотекарското здружение на Македонија денеска во општинската библиотека „Искра“ од Кочани се одржа државниот натпревар „Млади библиотекари“, на кој учествуваа 26 ученици кои победиле на општинските натпревари. Целта на натпреварот е да се промовира библиотекарската дејност и да се популаризира читањето книги меѓу младите. Учесниците решаваа тест со дваесет прашања поврзани со библиотекарското работење, за што имаа …

Continue Reading

Со 78 црвени и бели балони во Крива Паланка одбележан Денот на Црвениот крст

Со промоција на активностите на Црвениот крст под мотото „Сѐ што правиме, правиме од срце“ и делењето 78 црвени и бели балони на централниот градски плоштад, волонтерите на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка симболично го одбележаа Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина – 8 Мај и 78 години македонски Црвен крст.  -Нашите волонтери не само денес, …

Continue Reading

Османи најави нова водечка иницијатива на Претседателството со ОБСЕ: Борба против корупцијата во регионот на ЈИЕ

Водечката иницијатива на Претседателството на  Македонија со ОБСЕ ќе се фокусира на борбата против корупцијата во регионот на Југоисточна Европа, најави денеска за време на посетата на Босна и Херцеговина во својство на претседавач со ОБСЕ шефот на дипломатијата Бујар Османи. Како што соопшти МНР, тој истакна дека во согласност со приоритетите на претседавањето, ќе се организира и регионален состанок …

Continue Reading

Почнаа работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола (ДПЛ)

Автопатот Прилеп-Битола е најголем инфраструктурен проект од коридорот 10Д и заедно со трите делници од Коридорот 8 се најголеми капитални инвестиции, предуслов за економскиот развој на државава, нагласи премиерот Димитар Ковачевски на денешниот официјален почеток на работите за изградба на автопатската делница, според првичните проценки, во вредност од 260 милиони евра. Кај индустриската зона во Прилеп поставена е таблата со …

Continue Reading

Средба за вмрежување на локални економско-социјални совети од повеќе градови во Куманово

Локалните економско социјални совети мора да придонесат за дијалог помеѓу општините, бизнис секторот и синдикатите, поголема соработка е потребна и со националниот совет, заклучија претставници на ЛЕСС од повеќе градови од државата на денешната средба во Куманово. Средбата ја организираше Младинскиот културен центар – Битола во соработка со општина Куманово и локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) на општина Куманово во соработка …

Continue Reading

Јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“, До Квон е во домашен притвор во Црна Гора

Основниот суд во Подгорица ја прифати гаранцијата од по 400 илјади евра што ја понудија јужнокорејските државјани До Квон, познат како крал на криптовалутите и Хон Чанд Јун и одреди по плаќањето на оваа сума тие да бидат ослободени, но да го поминуваат времето во стан во Црна Гора кој ќе го чува полицијата. Гаранцијата, како што е најавено, ќе …

Continue Reading

Анкета: Австријците се против проширување на ЕУ

Резултатите од најновата анкета на Австриското друштво за европска политика (ОГфЕ) покажуваат дека Австријците, за разлика од нивните политичари, се против членството земјите од Западен Балкан во Европска Унија. Мислењето на австриската јавноста за членство на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија  во ЕУ не покажува големи осцилации. Дваесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека го поддржуваат членството …

Continue Reading

Грција ја информирала ЕУ за уапсениот кандидат за градоначалник во Албанија

Официјална Атина ги информирала високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и претседателката на ЕК за апсењето во Албанија на кандидатот за градоначалник на Химара од партијата на грчкото малцинство КЕАД Дионисис Фреди Белерис, а министерот за надворешни работи на Грција смета дека доколку нема цврсти докази, апсењето на два дена пред изборите, претставува скандал, јави дописничката на МИА од …

Continue Reading

Општина Берово се вклучи во акцијата Генералка викенд 2023

Во Берово е реализирана еколошката акција Генералка викенд која ја организира  Мен Енд Маунтен во партнерство со Општина Берово, Пивара Скопје, Пакомак, Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство. Во рамки на акцијата во Берово се чистеше на неколку локации со учество на повеќе установи и институции од градот. -Со оваа акција уште еднаш покажуваме дека се грижиме за …

Continue Reading