Зоолошката градина Скопје преку социјалните мрежи информираше дека во текот на вчерашниот ден, азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмиле на скопската зоолошка, „Pairi Daiza” од Белгија, со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата, била донесена одлука за евтаназија на слоницата.
„Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда. Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница“, велат од ЗОО Скопје.
„Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем.
За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина“, велат од ЗОО Скопје.