Жена загина на скопската обиколница – се движела пеш по автопатот или паднала од надвозникот, според првичните сознанија

brza-pomosh-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жена загина на скопската обиколница во несреќата што се случи синоќа.


Од Обвинителството по увидот соопштија дека се утврдуваат точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот.

Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој се движел по обиколницата. Возачот на автомобилот е алкотестиран веднаш по несреќата, при што не е утврдено дека управувал со возилото под дејство на алкохол.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

Се разговара и со очевидци на настанот, со цел да се испитаат сите околности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK