Зголемен водостојот на реките, езерата приближно до просекот

reka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради обилните врмнежи од дожд водостојот на реките утрово во однос на просекот за јуни е зголемен тројно на реката Вардар кај Јегуновце, кај Велес и кај Демир Капија, како и на реката Пчиња кај Катлановска Бања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Зголемено ниво на водата се бележи и на реката Струмица кај Сушево и Ново Село, на Црна Река кај Новаци, на реката Лепенец, како и на Бабуна кај Богомила. Единствено намалување на нивото на водата има на реката Брегалница кај  Берово.


Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK