Запалени три возила среде ноќ во Кисела Вода

1726408563_pozar-avtomobil.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три автомобили биле запалени во скопската населба Кисела Вод.



Засега нема информации од МВР за причините.

Од она што е познато,  се работи за „ауди“ во сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ – сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и „фиат пунто“ – сопственост на Љ.М.(62), од Скопје. Огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Сличен случај е регистриран во полицијта и претходната ноќ, кога во 3.30 часот на територија на Ѓорче Петров, било опожарено патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Д.Д.(30) од Скопје.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Фотографијата е илустрација и не е поврзана со конкретниот настан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK