За манифестација во Крушево на 1 и 2 август да се користат патните правци Прилеп – Битола и Кичево поради санација на пат

Од-11-декември-изменет-сообраќаен-режим-на-патот-Прилеп-–.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2 Август, кој традиционално се одбележува во Крушево информира дека поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани.


За доаѓање на манифестација во Крушево на 1 и 2 август треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK