Вучиќ повика на итна реконструкција на српската влада: Очекувам да бидат сменети над 50 отсто од министрите

vuchich.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Обвинителството поднело 13 обвиненија против одговорните за несреќата во Нови Сад и дека три месеци по трагедијата сегашната атмосфера никому не му одговара.


Тој најави дека ќе потпише барања за помилување на 13 студенти и професори кои беа кривично гонети. Истакна дека проблемите се решаваат со дијалог и дека тој како претседател, Владата и Собранието се подготвени да разговараат.

Вучиќ повика на итна реконструкција на Владата и очекува смена на 50 отсто од министрите.

„Во овие тешки политички времиња стана јасно кој е подготвен да се бори, кој не е, кој е подготвен да работи, кој не е, кој се крие во глувчешка дупка, кој не. И соодветно, очекувам дека повеќе од 50 проценти од сегашните министри ќе бидат сменети во многу, многу итна реконструкција“, рече Вучиќ.

Доде дека земјата мора да функционира и нема поважна задача што една влада ја има од организирање на животот и подобрување на животниот стандард. И со тоа мора да се справи.

Тој изјави дека оваа недела ќе има многу важни работи, од отворањето на автопатиштата до доаѓањето на, како што рече, важни гости.

Српскиот претседател изјави дека е особено важно да се обезбеди се да помине без инциденти за време на 24-часовната блокада на Автокоманда во Белград.

„Ова не е мала задача за нашите безбедносни органи, особено имајќи ги предвид различните надворешни и внатрешни интереси. Ги молам сите да се грижат за безбедноста на оние кои вечерва го блокираат Белград, вечерва да одржат дополнителен состанок и да се погрижат апсолутно ништо да не се случи во текот на ноќта“, нагласи Вучиќ.

Тој повика да се обезбедат сите пристапни патишта, за да се направи се за никаде да не се случи апсолутно ништо.

Кога станува збор за кривичните пријави за студентите уапсени и приведени на протестите – 13 студенти и професори се гонети во јавните обвинителства во Србија – српскиот претседател истакна дека е подготвен да потпише помилување од кривично гонење.

„Тука има еден мал проблем, кривично се гонети 13 студенти и професори и за сите е предвидена одлука за помилување. Никогаш не сум донел одлука за помилување додека сум претседател, јас сум претседател девет години. Тоа е секогаш многу ризично, не можете секогаш да ја земете правдата во свои раце. Тоа ќе го сторам најдоцна до среда и тие повеќе нема да имаат проблеми. Значи ги исполнивме сите услови“, рече Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK