Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски ќе разговара со лидерот на Руската Федерација Владимир Путин, пренесуваат српските медиуми.
Двајцата државници ќе разменат мислења за сите актуелни теми, со посебен акцент на регионалните теми, како и за неповолната состојба во која се наоѓа српскиот народ на Косово и Метохија.
Завчера првиот човек на Русија упати срдечна честитка до својот српски колега по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна. Во таа прилика потсети дека Русите и Србите заедно се бореле против непријателот, а истакнал и дека е задоволен од односот на српските власти кон загинатите херои од Црвената армија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ доби покана за учество на Самитот на БРИКС што се одржува во Казан на 23 и 24 октомври. Вучиќ изјави дека наскоро ќе донесе одлука за заминување на Самитот.