Врховна изборна комисија на Турција: На претседателските избори води Ердоган по преброени 54,6 отсто од гласовите

izbori turcija 3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција Ахмет Јенер соопшти дека досега се преброени и потврдени 54,6 отсто од гласовите.







На вториот круг од претседателските избори повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција Кемал Киличдароглу.

Според Изборната комисија, согласно преброените гласачки ливчиња, Ердоган води со 54,47 отсто, наспроти Киличдароглу за кого гласале 45,53 отсто од избирачите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK