Воената хунта во Нигер бара помош од групата Вагнер за да остане на власт

20230805145504_big_730x400_94
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Воената хунта во Нигер, која го собори демократски избраниот претседател, побарала помош од руската платеничка група Вагнер, доколку се соочи со воена интервенција од западноафриканскиот регионален блок.

Според неименувани извори, лидерот на хунтата Салиф Моди остварил контакти со претставници на Вагнер во соседната земја Мали.  Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) воведе санкции против Нигер поради пучот и најави дека ќе употреби сила доколку воената хунта не го врати демократски избраниот претседател Мохамед Базум.


Петнаесетчлената организација пред два дена испрати делегација во Нигер за да побара „мирно решение“, но средбата одржана на аеродромот во Ниамеј завршила без успех.  Нејасно е како би изгледала регионалната интервенција, кога би започнала или дали би добила поддршка од западните сили.  Хунтата во Нигер упати апел до граѓаните да пријават шпиони, а самоорганизираните одбранбени групи се мобилизираа ноќе за да ги надгледуваат автомобилите и да патролираат во главниот град.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK