Владата ќе одржи седница, според најавите на дневен ред економски закони

vlada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Северна Македонија, денеска ќе одржи седница, а за одлуките, од владината прес служба информираат дека ќе испратат соопштение по завршувањето на седницата.

Како што вчера најави министерот за финансии Фатмир Бесими, на денешната владина седница треба да се најдат Предлог законот за данокот на солидарност, како и измените и дополнувањата на законите за данок на додадена вредност и на добивка.



– Ние данокот на солидарност го воведовме дополнително, но не како дел од даночната реформа, туку дополнително затоа што се работи за еднократен данок, што ќе важи само еднаш. Се следи примерот на некои земји во ЕУ. И препорака беше за земјите членки во ЕУ, како што е Велика Британија сега не е во ЕУ, но тој пример го користи Украина, Италија, Хрватска и други земји што применија таков закон и ние по широка дебата и дискусија дадовме таков предлог, рече Бесими синоќа во гостувањето на ТВ 24.

Другите два закони, како што додаде, се дел од даночната реформа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK