(Видео) Тепачка, димни бомби: бурен почеток на седницата во Собранието во Србија


srb.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хаос избувна денеска на седница на српскиот Парламент, кога се степаа пратениците на власта и опозицијата, пишуваат српските медиуми.


Пратениците фрлаат димни бомби. Салата е полна со чад. Претседателката на парламентот Ана Брнабиќ која реагира на чадот во салата рече дека седницата мора да се прекине.

Пратениците меѓусебно се туркаа, удираа, фрлаа вода, а подигнат беше и транспарент на кој пишува „Србија се крева за да падне режимот“.

Во Собранието пристигна министерот за полиција Ивица Дачиќ.

Според најавите, треба да биде констатирана и оставката на премиерот Милош Вучевиќ, која ја поднесе на 28 јануари.

Пратеникот на СНС, Миленко Јованов, предложи точката за разрешување на претседателката на Собранието Ана Брнабиќ да се симне од дневен ред. И покрај негодувањето на опозицијата, владините пратеници го усвоија овој предлог.

-Почитувани пратеници, ова собрание ќе продолжи да работи. Барам пратениците од мнозинството да се вратат во своите фотелји, треба да донесеме закони. Имаме работа, Србија никогаш нема да застане. Седнете и ајде да работиме. Ваква Србија никогаш нема да победи“, рече претседателката на Собранието, која поради димот се закашла и не можеше да зборува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK