­

(Видео) Српското МВР процени дека на протестот во Белград присуствувале 107.000 луѓе, инциденти нема


Screenshot-2025-03-15-184600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека според проценките на полицијата, на сите локации во Белград има околу 107.000 луѓе, од кои најголем број доаѓаат од внатрешноста.


Поголеми инциденти или нарушување на јавниот ред и мир досега немало, соопшти МВР.

Во моментов, студентските редари заедно со моторџиите се обидуваат да го расчистат просторот околу Собранието и да ги пренасочат демонстрантите кон Славија за да ја намалат можноста за инциденти.

Тие велат дека треба да се пренесе дека собирот е мирен, да не се користи пиротехничка опрема и никој да не паѓа на провокации.

Во Белград во тек е протестот 15 за 15.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK