­

(Видео) Рама: Албанија нема да прифати палестински бегалци


edi-rama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот премиер Еди Рама на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Албанија нема да прима палестински бегалци во своите граници.


Toj истакна и дека Албанија е посветена на хуманитарната помош и ќе им помогне на оние на кои им е потребна, но дека американската влада се уште нема поднесено ниту едно барање за сместување на палестинските бегалци во Албанија и дека одговорот дефинитивно ќе биде „Не!“, пренесува Дојче веле.

Зборувајќи за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Албанија е на списокот на земји за кои размислува за испраќање палестински бегалци, Рама посочи дека американската администрација не поставила ниту едно прашање на оваа тема.

„Никој од администрацијата на Трамп не нѐ праша, но дури и да не прашаат – што не е логично, бидејќи ние сме среде Европа и како можат да дојдат кај нас стотици илјади луѓе… – ова е сепак логистички дел и ние сме мала земја. Но, тоа нема да се случи, барем не за време на мојата влада“, рече Рама.

Рама на Минхенската безбедносна конференција, нагласи и дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е најдарежливиот божји чин кон ЕУ и шанса за Европа да се разбуди и да не биде толку самореферентна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK