(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини


Screenshot-2025-02-06-064325.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој се наоѓа во Егејското Море.


Најсилниот од 6.400 земјотреси што го погодија овој регион од 26 јануари се случи вечерва и беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Бројните земјотреси предизвикаа бројни одрони, а еден од поголемите речиси целосно ја уништи познатата Црвена плажа, која е симбол на Санторини, објави грчкиот портал „Прототема“.

На социјалните мрежи се појавија снимки од плажата покриена со карпи кои се одрониле на брегот од блискиот рид. Недалеку од оваа плажа се наоѓа познат археолошки локалитет.

Локалните власти поставија лента и забележаа дека плажата е затворена, но и покрај тоа, некои од ретките туристи кои се уште се на островот доаѓаат и прават селфи.

Според грчките медиуми, повеќе од 10.000 туристи и локални жители го напуштиле Санторини од саботата кога наеднаш зачестија земјотресите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK