Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Здружението „Културен Центар Иван Михајлов- Битола”

USTAVEN SUD RAMKA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставниот суд денеска одлучи да ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението Културен Центар Иван Михајлов- Битола. По утврдената фактичка состојба произлезе дека Здружението „Културен Центар Иван Михајлов Битола” е избришано од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект. Согласно овие информации Уставниот суд  воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа исполнети се условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата.

Подносителот бараше поништување на актите со наводи  дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.


 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK