Уставен привремено ги запре изводите со „националност“, Лога најавува ново упатство

izvod
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставниот суд вчера со времена мерка го стопира упатството за издавање на лични документи со графата за етничка припадност, што значи дека Управата за матични книги нема да издава извод на родени во кој ќе биде впишана графата националност се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали е тоа уставно или не. По донесувањето на оваа одлука, министерот за правда најави дека ќе донесе ново упатство, без да ја смени содржината, со кое правно ќе ја негира одлуката на Уставниот суд.

-Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на упатството за водење на матични книги и да се донесе времена мерка односно решение со кое се запира извршувањето на обрасците кои веќе се во примена, а тоа конкретно се однесува на изводите од матичната книга за родените со оглед дека останатите обрасци се со одложена примена од 1 јануари 2024 година. Министерот за правда, Кренар Лога, пак по воведувањето на времената мерка што ја донесе Уставниот суд напомена дека новата одлука на овој суд со новото Упатство за водење на матични книги е беспредметна, изјави по вчерашната седница портпаролката на Уставниот суд Кристина Беловска.


Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција (т.

Уставниот суд на седницата оценил дека со донесувањето на упатството од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52, став 2 од Уставот во кој не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство заведено со архивски број од 29 мај 2023 година и објавено на 15 јуни 2023 година што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.

Со оглед на тоа дека се запираат активностите за извршување на упатството односно во овој период додека Уставниот суд не донесе конечна одлука за овој предмет не смеат да се издаваат тие изводи. Она што следува е подготовка на нов реферат што ќе содржи предлог за укинување или поништување на она што е поведено. Иако на седницата имаше искажано различни размислувања, одлуката на Уставниот суд е донесена со пет гласа односно со мнозинство гласови.

Независната угостителска комора денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на последнaтa одлукa на Владата да се ограничи работното време на угостит

-Различните мислења се однесуваа на изјаснувањето на донесителот на актот. Уставниот суд во оваа фаза ќе ги бара тие мислења со оглед на тоа дека ќе се подготвува конечна одлука и ќе се бараат мислења од доносителот на актот, изјави Беловска.

За тоа дали ќе важат веќе донесените изводи, Беловска вели дека тоа засега не го коментираат, но дека ќе се знае кога Уставниот суд ќе ја донесе конечната одлука.

Освен овој предмет, за упатството за водење матични книги, во Уставен има уште два други на кои се работи.

-Во моментот кога тимот што го работеше го изготвија овој предмет и го предадоа на претседателот на Уставниот суд, после тоа пристигна и иницијатива за оценување на упаството од страна на друг подносител, политичка партија Левица и тој предмет е во работа, а дополнително пристигна и уште една иницијатива со која се оспорува и законот. И по тој предмет се работи. Оформен е и се наоѓа во претходна постапка. Веднаш штом ќе биде изготвен, ќе биде ставен на седница, информираше Беловска.

Портпаролката на Уставниот суд кажа дека оваа иницијатива била спроведена по сопствена иницијатива на Уставниот суд, оти се работи за исклучок, но, дека не е нешто што не се случило досега.

Изјава на министерот за правда Кренар Лога. 

Министерот за правда Кренар Лога, пак,  смета дека времената мерка која Уставниот суд ја донел за Упатството е беспредметна и најави дека наскоро ќе биде изработен прочистен текст. Тој, одлуката на Уставен ја оцени како „купување време“.

-За укинувањето сметам дека требаше да биде од формален аспект, а не да се купува време. Јас ја почитувам нивната одука за времена мерка и најавувам дека ќе има нов прочистен текст на упатството кој ќе биде деновиве пуштен за објавување. Со тоа времената мерка ќе биде беспредметна, рече министерот Лога денеска на прес конференција.

Тој нагласи дека нема да покренува нова иницијатива во врска со други акти и заради процесни забелешки, како Законот за јазици и за Законот за Преспанскиот договор.

– Стојам на истиот став. Како и во претходните случаи, така и во овој. Уставниот суд треба да се произнесе за сите подзаконски акти, бидјеќи не е почитуван уставниот рок и не треба да поведуваат иницијатива. Тие добиваат Службен весник и не треба да поведуваат иницијатива за да го кажат нивниот став.

Уставниот суд најави дека за суштината на законот, како и за темата националност во личните документи ќе се расправа кога ќе се разгледува иницијативата на партијата Левица со која се оспорува Упатството, како и законот од 1995 година на кој се повикува министерот во кој е посочено дека во матични книги се заведува и националноста на граѓаните.

Министерката за правда Рената Дескоска денеска треба да одржи поединечни средби со помалите пратенички групи околу законот за јавното обвинителство, на кои пратениците треба да ги дадат конеч

Во пресрет на седницата на Уставниот суд, за ова прашање реагираше и поранешната министерка за правда Рената Дескоска, според која, графата за националност во изводот не е законска, и затоа очекува Уставен суд да го поништи упатството за матични книги.

– Законот е испочитуван бидејќи тој предвидува националност во матичните книги, а не во изводот. Изводот не мора да ги содржи сите податоци од матичната книга. Етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, оцени Дескоска.

На забелешките на поранешната министерка и професорка по уставно право Рената Дескоста, Лога рече дека таа не треба да зборува во јавноста, бидејќи, како што наведе, и претходно не го следела правото и дозволила да се спроведат уставните измени без да поминат низ Министерството за правда, туку да одат преку Минстерството за надворешни работи, што, според него, е преседан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK