Уште два работни дена да поднесете и платите ДДВ за овој даночен период


totalujp.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители заради навремено поднесување и плаќање на обврските по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) за даночниот период 1 до 31 август.


Крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 септември 2025 година (четврток).

„Бидете одговорни даночни обврзници. Исполнете ги обврските навреме и одржувајте солидна даночна историја, на тој начин избегнувате дополнителни трошоци, камати и санкции“, велат од УЈП.

Досега, од очекуваните 7.748 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 2.057, што е близу 27% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ – 04 пријава. Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.

Навременото поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: е-Пошта: [email protected] Телефонски броеви: Од фиксна линија: 0800 33 000 Од мобилен телефон: 02 3253 200

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK