Урдата, замрзнато тесто, бебешки каши, адаптирано млеко, лутеница, цвекло, феферони се оданочуваат со 5%, соопшти Владата

Урдата-замрзнато-тесто-бебешки-каши-адаптирано-млеко-лутеница-цвекло-феферони.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.


Одлуката, предложена од Министерството за финансии, е во насока на допрецизирања околу примената на повластена стапка од 5% и за поддршка на домашната економија и заштита на стандардот на граѓаните.

Согласно одлуката, со повластената стапка на ДДВ од 5% се даночат најголем дел од основните прехранбени производи. Меѓу нив се и производите како урдата, замрзнато тесто, бебешки каши и адаптирано млеко за доенчиња, одредени видови кашкавали како растителниот кашкавал, лутеница, хербални чаеви, бибер, црвен пипер, вафли и наполитанки, конзервирано цвекло, феферони, што со одлуката се прецизира дека се оданочуваат со повластената стапка на ДДВ од 5%, известуваат од Владата.

На седницата е потенцирано дека целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од човечката исхрана се оданочува со најниска повластена стапка од 5%.

Денешната владина одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а е предвидено да се применува од 13 октомври 2023 година, додаваат од Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK